На CareerHUB регистрирани 24 компании и 80 кандидати

На CareerHUB регистрирани 24 компании и 80 кандидати
БизнисРегулатива | 21.01.2021

Платформата за поврзување млади професионалци од сферата на дигитални вештини со работодавачи CareerHUB продолжува да создава успешни приказни во сферата на дигиталните вештини. Секојдневно активно се врши регистрација на компании и на кандидати, бројка која достигна до 24 компании и 80 кандидати кои бесплатно ги користат поволностите на оваа платформа.

Истата е изработена во рамки на проектот МладиХаб – Дигитална Младина, финансиран од Британската Амбасада, а имплементиран од Националниот Младински Совет на Македонија, во партнерство со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ која има за цел да овозможи поврзување на млади талентирани професионалци кои поседуваат дигитални вештини со работодавачи кои имаат потреба од ангажирање на соработници со полно или скратено работно време, хонорарен ангажман, практиканство или волонтирање. 

Компаниите преку оваа платформа можат да: 

  • Креираат профил на компанијата и да постават оглас за работа
  • Добиваат апликации од кандидати на објавените огласи
  • Пребаруваат кандидати по категории
  • Ги разгледаат профилите на кандидатите и да остварат контакт со нив

Апликантите од друга страна, имаат можност да:

  • Kреираат бесплатен профил во кој ќе ги наведат сите своите знаења и способности,
  • Имаат непречен пристап до активните огласи
  • Во секое време аплицираат на оглас за работа, хонорарен ангажман, практиканство или волонтирање.

За регистрација и за повеќе информации посетете го следниот линк.

 

 



Сподели