Rregullativa afariste | 29-04-2021

Во текот на денешниот ден се одржа состанок на Комисијата на јавно-приватен дијалог во состав на сите четири комори и Владата на Република Македонија.

 

За време на средбата се дискутираа повеќе сегменти кои го засегаат бизнис секторот во државата. Имено, на состанокот, Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, г-дин Фатмир Битиќи, во координација со економските ресори на државата во состав на министерот за финансии, г-дин Фатмир Бесими и државната советничка од Министерство за економија, г-ѓа Размена Цекиќ, како и со министерката за труд и социјална политика, г-ѓа Јагода Шахпаска, разговараа со претставниците на коморите на теми поврзани со формирање на Комитет за туризам, статус на измени на Закон за работни односи, статус со активностите поврзани со парафискални давачки, статус по однос на измени на Закон за Царинска тарифа и дополнително методологијата за шести пакет и планираната финансиска поддршка.

Во приодот што следи се очекува реализација на активностите кои Владата на Република Северна Македонија ги спроведува и дискутира со коморите. 


Сподели