Најпогодените сектори од КОВИД-19 кризата очекуваат спроведување на сеопфатни мерки за поддршка

Најпогодените сектори од КОВИД-19 кризата очекуваат спроведување на сеопфатни мерки за поддршка
Rregullativa afariste | 18-11-2020

 Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа инфо-сесија за трите најпогодени сектори одкризата предизвикана од КОВИД-19 автомобилската индустријатуризмот и угостителството и текстилната индустрија.

За попрецизно утврдување на состојбите во овие три сектори се спроведоа и три последователни студии по анализитекои беа направени во април на самите почетоци на кризата Ангажираните експерти преку темелно истражувањеовозможија поставување на насоки за тоа кои мерки им се неопходни на овие компании кои имаат големо учество вобруто домашниот производ (БДПи вработуваат десетици илјади вработени.

Според резултатите од студиитеавтомобилскатаелектрометалната и машинската индустрија полека закрепнуваат поогромните падови во првите два квартали од годината и до 80%, но сепак сценаријата за излез од кризата ќе зависат одглобалната состојба со пандемијатакако и со соодветните мерки за поддршка.

Во однос на мерките на владатарезултатите од направените интервјуа со претставниците на компаниите укажуваат наделумна поделеност во нивното мислење за тоа дали досегашните мерки беа доволни за справување со кризатакако иво делот на тоа дали истите биле користени од нивна страна.  Како позитивни мерки кои се посочуваат сесубвенционирање на платитеобезбедување на поволни кредитни линиинамалување на увозните давачки за некоипроизводи и некои други мерки за зголемување на конкурентноста во услови на криза.  Но, она што се забележува иукажува од нивна страна е потребата од целосно спроведување на сите најавени мерки кои се во насока на поддршкана компаниитеособено извозно ориентираните компании“ посочи доцд-р Дарко Лазаров од Универзитетот ГоцеДелчев.

Компаниите од туризмот и угостителствотокои премногу зависат од состојбите со корона вирусот но и од повеќекратниот пролетен карантинво третиот квартал забележаа мал порастно со најавените мерки за ограничувањеповторно ќе се соочат со пад на приходитешто влијае на зголемениот број на отпуштања во овие сектори.  Според резултатите од последователната студија неопходно е мерките да се насочат и кон преквалификација на дел одвработените и продолжена поддршка за компаниите.

Во услови на здравствена криза односно пандемијата со КОВИД-19 која предизвика нарушување на сите конститутивниелементи на туристичкиот пазар како резултат на што туристичко-угостителскиот сектор е еден од најпогоденитеаможеби и најпогоден од пандемијатасе наоѓаме пред предизвик кој создава обврска високо квалитетен економскиодговор од страна на државатаСпоред тоа и покрај досега превземените меркикои според испитаниците се оценетикако делумно ефективнипотребни се системски решенијапродолжена поддршка на компаниите од секторот туризами угостителствомерки преку кои може да се сочуваат производните структури задржувајќи ја во кондиција туристичката понуда како еден од субјективните конститутивни елементи на туристичкиот пазар што би овозможилоповолна позиција на меѓународниот пазар на туризмотКонституирање на Комитет за туризам како владино тело однајвисок ранг претставува потреба од највисок степен која ќе значи надминување на пречките за развој на туризмотособено во кризни ситуацииодносно потврда на заложбите за развој на туризмот и воопшто економијата доколку гоземеме во предвид потенцијалот на туризмот како индустрија која може да обезбеди повеќекратно повисоки приходиво буџетот од оној во 2019-та година изјави туризмолог д-р Кристијан Џамбазовски.

Текстилниот сектор повеќе не може да се потпира само на изработка на маски и заштитна опрема како во вториотквартал од годината кога изби пандемијата КОВИД-19.  Препораките од експертитекако и од погодените компании еовој сектор да се поддржи и понатаму.  

Крајот на третиот квартал покажа остварување на предвидувањатаодносно драстичен пад на нарачките.  Компаниите во септември пријавија пад од неверојатни 50% на нови нарачки што ги стави во недоумица како понатаму да работат икако да се преструктуираат за да останат ликвидни.  Дел од компаниите заради неизвесноста од периодот кој следуваавоедно заради нејасно дефинирана содржина на најавените мерки се одлучија за намалување на бројот на вработенииако беа свесни дека долгорочно тоа може да влијае негативно на понатамошните активности на компанијата.  Идодека вториот и третиот пакет на мерки допре до текстилната гранка и голем дел од загрозените компаниите гиискористија субвенциите за да поделат плати на вработенитеспоред изјавите на компаниитеновите пакет на меркиодносно Законот за финансиска поддршка на плати речиси воопшто нема да биде корисен за текстилниот сектор“, изјави Наташа Сивевскаизвршна директорка на ТТА - Текстилен кластер.

При подготовка на анализите беше спроведено истражување меѓу компании и институции за да се пронајдат соодветнирешенија за надминување на кризата од КОВИД-19, вклучувајќи ги и меѓународните искустваЗаклучоците ипрепораките од студиитекако и директните предлози од бизнис секторот ќе бидат доставени до надлежните органипреку Платформата за јавно-приватен дијалог за да се креираат мерки кои ќе ги ублажат последиците.

Оваа инфо сесија се одржа во рамките на активностите на Проектот Партнерство за подобра бизнис регулативакој го спроведуваат Сојуз на стопански комориСтопанска комора на МакедонијаСтопанска комора за информатички икомуникациски технологии МАСИТ и Стопанска комора на северозападна Македонијасо ЕПИ ЦЕНТАР како имплементатора со поддршка на УСАИД.


Сподели