Од мерката „Дома си е дома“ искористени само 43.000 ваучери за туризам од вкупно 110.000

Од мерката „Дома си е дома“ искористени само 43.000 ваучери за туризам од вкупно 110.000
Rregullativa afariste | 16-11-2020

Министерот за економија Крешник Бектеши е задоволен од реализацијата на мерката „Дома си е дома“ и покрај тоа што од вкупо 110 илјади ваучери се искористени само 43 илјади.

 

– „Согласно нашите анализи, ваучерите го дадоа ефектот за да им помогнеме на хотелските капацитети, вклучувајќи ги тука и приватните сместувачки капацитети. Тоа го покажува и извештајот на Државниот завид за статистика кој покажа дека во август имаме зголемување на бројот на домашни туристи за 8,9 проценти споредено со 2019 година, а зголемување на бројот на домашни туристи имаме и во септември за 33,7 проценти. Значи, во време на криза, имаме зголемување на бројот на домашни туристи. Мислиме дека овој тренд ќе продолжи и во октомври, ноември и во декември, истакна Бектеши“, одговарајќи на новинарски прашања после денешната прес-конференција.

 

На прашањето дали постоела злоупотреба на вачерите, Бектешки истакна дека тие го испратиле извештајот со искористени ваучери до Државниот пазарен инспекторат којшто ги прави контролите.


Сподели