Економијата на САД врати 33 отсто од растот во третото тримесечје

Економијата на САД врати 33 отсто од растот во третото тримесечје
Rregullativa afariste | 30-10-2020

Американската економија пораснала за 33 отсто во третото тримесечје, по вртоглавиот пад од првата половина од 2020 година поради пандемијата и блокадата на стопанстовто, објави Министерството за економија.

 

Растот следува по историскиот пад од 31.4 отсто во второто тримесечје, кога САД беше една од низата земји во светот под удар на пандемијата, а откако се отворија бизнисите по продолжeните карантини во речиси сите сојузни држави.

 

Мерките ја втурнаа економијата во досега невидена рецесија, и затоа БДП на земјата сè уште е многу понизок од времето пред пандемијата.

 

Според министерството, економијата на САД засега е 3.5 отсто помала отколку во 2019 година, но сепак, во третиот квартал таа пораснала за 7.4 отсто споредбено со претходниот квартал, што е рекорд.

 

Економијата е главен адут на американскиот претседател Доналд Трамп и набљудувачите сметаат дека овој извештај ќе биде претставен од изборниот штаб на претседателот како победа на неговата администрација.

 

Сепак, се смета дека иако економијата пополека се враќа во форма по загубите од пандемијата, целосното закрепнување нема да се случи набргу.

 

Извор: info.mk


Сподели