Се зајакнува соработката меѓу СКСЗМ и Министерство за економија

Се зајакнува соработката меѓу СКСЗМ и Министерство за економија
Rregullativa afariste | 30-10-2020

Министерот за економија Крешник Бектеши оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа и потпретседателите Арсим Папранику, Ејуп Абдулаи и членот на Комората, Ќаније Селими.

 

Како што информираат од ресорното министерство, целта на состанокот била зајакнување на соработката помеѓу Комората и Министерството за економија, во делот на креирање на мерки и политики за подобрување на условите за работа на компаниите.

 

За таа цел Стопанската комора на Северозападна Македонија назначила еден од своите членови да биде директна врска помеѓу Комората и министерството во делот на креирање на мерки за поддршка на бизнисот.

 

- „Една од мерките во четвртиот сет, како одговор на долгогодишните барања на бизнисот е намалување е парафискалните давачки, кои бизнис секторот ги посоочува како еден од клучните фактори за подобрување на конкурентноста“, кажал Бектеши и посочил дека во тек е формирање на мултиинституционална работна група која што во наредните неколку месеци ќе работи на утврдување на оние услуги кои имаат карактер на парафискални давачки, а кои би можеле да се намалат и да се скратат.

 

- „Нашата цел е да се намалат колку што можат административните обврски и трошоците на бизнисот“, додал министерот.

 

На средбата се дискутирало и за идните предизвици и мерки за олеснување на условите за работа на бизнисот, посебно во услови на пандемија.


Сподели