Од денес носењето маски на отворено е задолжително

Од денес носењето маски на отворено е задолжително
Rregullativa afariste | 29-10-2020

Синоќа пратениците на македонското Собрание ги донесе измените на Законот за заштита на населението од заразни болести. Со овие измени од денес носењето маски на отворено е задолжително.

 

Измените на Законот за заштита на населението од заразни болести вчера беа усвоени со 53 гласови „за“, 26 пратеници беа „воздржани“, а никој од пратениците не гласаше „против“.

 

Носењето маска на отворено не е задолжително при спортување на отворен простор, при возење во приватно патничко возило, ако возачот е сам или со лице со кое живее во заедницата, при престојување во двор во семејна куќа со лица од истата семејна заедница, или во угостителски објект каде се применуваат специфичните протоколи за заштита.

 

Mаска на отворено нема да се носи ако се користи друг тип на заштитна опрема специфична за определено работно место, ако лицето е помладо од 6 годишна возраст и ако лицето има специфична здравствена состојба (лице со посебни потреби или е лице со пречки во развој), поради што носењето на лична заштита на лицето би било проблематично.

 

За непочитување на новите законски обврски се предвидува казна од 20 евра за неносење на маска, а за прекршување на мерката самоизолација казната ќе изнесува 50 евра.

 

Со усвоените измени на Законот за заштита на населението од заразни болести, самоизолацијата е задолжителна при тестирање за ковид-19, од закажување на тестот или самото тестирање до добивање на резултатот, а самоизолацијата продолжува ако резултатот е позитивен.

 

Извор: Форум на правници 


Сподели