Јапонија ќе ги враќа туристите со бесплатни ноќевања и билети за музеи

Јапонија ќе ги враќа туристите со бесплатни ноќевања и билети за музеи
Rregullativa afariste | 27-05-2020

Во рамки на план за оживување на туризмот, Јапонија претстави нова кампања која ќе покрива дел од трошоците за патување на странските туристи.

 

Имено, Хироши Табата, директорот на Агенцијата за туризам во Јапонија, изјавил дека владата ќе потроши 19.5 милијарди долари за да привлече странски туристи, а програмата ќе започне да се реализира летово, веројатно од јули.


Објавата доаѓа ден откако премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, прогласи крај на вонредната состојба во деловите од земјата во која таа беше активна. Досега, во земјата со население од 126 милиони луѓе имало 16.433 заразени пациенти и 784 смртни случаи поврзани со коронавирусот.


Според програмата за оживување на туризмот, владата ќе им плати на туристите едно ноќевање за секои три ноќевања во хотел. На туристите ќе им бидат бесплатни и билетите за музеи и археолошки локации. Владата ќе потроши 50 милиони евра за овој дел од програмата за враќање на туристите во земјата.

 

Според одредени медиуми, можно е Јапонија да им плаќа за половина од авионските билети на странските туристи во рамки на програмата.

 

Извор: nzherald.co.nz


Преземено од: 
fakulteti.mk


Сподели