Данската економија се соочува со најголем пад по Втората светска војна како последица на коронавирусот

Данската економија се соочува со најголем пад по Втората светска војна како последица на коронавирусот
Rregullativa afariste | 27-05-2020

Оваа година данската економија се соочува со најголем пад по Втората светска војна, што е последица на глобалните мерки против коронавирусот, рече министерот за финансии, Николај Вамен.


– Ова е сериозно. Кризата со коронавирусот најверојатно ќе влијае врз данската економија во следните неколку години, но ние исцртавме излез од кризата и веќе ги направивме првите важни чекори, нагласи Вамен.

 

Во април тој изјави дека Данска се соочува со едно од „најтемните поглавја“ во својата историја, додека данската Влада најави пад на економијата меѓу три и шест проценти.

 

Економијата во Еврозоната годинава бележи пад од 7,5 проценти. За време на финансиската криза во 2009 година, данската економија забележа пад од 4,9 проценти.


Сподели