Деловна клима за ИКТ индустрија - Како да се стимулира растот на работната сила во ИКТ?

Деловна клима за ИКТ индустрија - Како да се стимулира растот на работната сила во ИКТ?
Rregullativa afariste | 19-09-2019

 Проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа Форум за стимулирање на растот на работнатасила во ИКТ индустријата. Целта на настанот беше да се презентираат и дискутираат тековните предизвици поврзани соделовната клима за ИКТ секторот и да се идентификуваат потенцијалните мерки во областа на социјалните придонеси,даноцитеработната сила и образованието што ќе го стимулираат растот на работната сила во ИКТ.

 

МАСИТ активно се справува со сите проблеми и предизвици со кои се соочуваат ИКТ компаниите во нивнотосекојдневно работењеОвој настан е организиран како одговор на потребите на компаниите за понатамошноподобрување на деловната клима за ИКТ секторот и за стимулирање на растот на работната сила во ИКТСе надевамедека овој настан ќе ги потенцира најважните предизвици со кои се соочуваат ИКТ компаниите и ќе придонесе засоздавање на конкретни предложени мерки за подобрување на деловната клима за ИКТ компаниите преку поддршкана растот на ИКТ работната сила “, истакна г-ѓа Билјана Прличковаоперативен директор на МАСИТ.

 

Проектот презеде активна улога во поддршка на ИКТ секторот преку застапување на повеќе важни предлози:

 

Стимулирање на инвестиции во работната сила:

Ø  даночни признавање на направени трошоци во подобрување на работните услови (спорт и рекреација, team-building, одмор , здравствени прегледи, грижа за деца и сл.)

Ø  дополнителни даночни ослободувања за трошоци за едукација

Ø  даночни поттикнувања за донации во образование (по примерот на донациите во спортот) за стимулирање на вложувања во преквалификација и доквалификација на работната сила

 

Ограничување на максимална основица за придонеси:

Ø  90.000 бруто 50% повисока од просечно исплатената во ИКТ индустријата во 2018 година

 

Работни односи дефинирани по мерка на ИКТ индустријата:

 

Ø  работа надвор од просториите на работодавачот

Ø  флексибилност за мерење/исплата по учинок

Ø  електронска комуникација работодавач/работник

 

Форумот овозможи голем број на претставници на приватниот сектор да ги дадат своите забелешкида ги објаснатсвоите предизвицикако и да дадат придонес за подобри решенија кои ќе бидат застапувани преку јавно-приватниотдијалогИменосе разговараше и за можностите за инвестиции во ИКТ образованието што ќе одговара на потребите наприватниот сектор за квалитетна работна силазголемување на бројот на студенти на техничките факултетивложувањаво едукативен кадар и поддршка на капацитетите за неформално образование кои придонесуваат во создавање на ИКТпрофесионалци.

 

Затоа потребен е системски пристапзаклучија учесниците на Форумотсо промена на повеќе закони од областа наработните односи и даноцитесо цел да се овозможи континуиран раст на ИКТ секторот како еден од најважните водомашната економија кој придонесува со отворање на нови работни местависоки примања и извоз на услуги ипроизводи.

 

Во наредниот периодПроектот ќе работи на дефинирање и решавање на предлозите што произлегоа од овој настан.  Во исто време Проектот ќе работи на конструктивни решенија предложени како резултат на механизмите за јавно-приватен дијалог поддржани преку Проектот  Партнерство за подобра бизнис регулативаСите проектни активности гиспроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал и четирите клучни партнериСтопанската комора на МакедонијаСтопанскатакомора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТСтопанската комора на северозападна Македонија иСојузот на стопански комори на МакедонијаПреку активно учество во спроведувањето на овој проекткоморите ќе гоградат својот капацитет за подобро да им служат на малите и средните претпријатија.


Сподели