Што претставуваат Позициони документи?

Препознавајќи ги потребите на бизнис заедницата, создавањето на позициските документи е начин и алатка на анализирање на постојните проблеми кои се јавуваат при имплементација на закони од сите сектори опфатени од бизнис заедницата. Со идентификување на проблемите кои им создаваат потешкотии во работењето на претставниците на бизнис заедницата, коморите работат на нивно преточување во позициски документи, кои се доставуваат до надлежните државни институции, со кои се поставуваат темелите за идно менување на законската регулатива, во насока на подобрување на истата. Позициските документи кои се обработени од страна на работната група која се состои од претставници од Стопанските комори, партнери во проектот, се достапни подолу. Доколку имате Ваш предлог за изработка на на позициски документ во одредена тема, ве молиме користете ја формата подолу за да го поднесете предлогот.

Филтер на документи
Најнови актуелни јавно објавени документи
Позиционен документ Надлежен орган - (институции до кои документот е доставен) Датум на доставување Статус Одговор на надлежен орган

Измени и дополнувања на Закон за финансиска дисциплина

Од досегашната примена на законот се идентификува проблем пред се заради постоење на  неравноправност помеѓу економските оператори од приватниот и економските оператори од јавниот сектор.

 Неопходно е да се направат измени и дополнувања во Законот за финансиска дисциплина во следната насока:

  1. Во однос на роковите кои се предвидуваат за субјектите од јавен сектор (чл. 6 ст. 3 од ЗФД)  да се прецизира и да се даде јасна дефиниција што точно подразбира договор чиј предмет е повеќегодишна јавна набавка и за истиот да се предвиди максимален рок;
  2. Да се воведе одредба каде ќе се предвиди дека плаќањето на долгот има приоритет пред плаќањето на казната (за да се исполни целта на законот т.е. исполнување на побарувачката и сигурноста и заштита на доверителите); или да се направи  категоризација, односно глобата да се пресметува согласно долгот
  3. Еднаква примена на роковите за исполнување на деловните трансакции кои се однесуваат на економски оператори од приватниот сектор и на субјекти од јавен сектор, со фокус на примена и почитување на максималните рокови за реализација на деловна трансакција во која субјект од јавниот сектор се јавува како должник.


  Министерство за финансии

28-10-2019

Нема одговор

Усогласување на потребите на работодавачите со пазарот на труд

 Претставниците на деловната заедница истакнуваа дека се соочуваат со големи предизвици во однос на обезбедување на квалитетна работна сила, која ќе биде носител на процесот на развој на приватниот сектор во денешното време.

 - Да се создадат регионални центри за обуки/прекфалификација кои ќе бидат децентрализирани по региони. Овие обуки треба да се направат за потребите на компаниите во конкретниот регион. Откако компаниите ќе пријават слободни работни места ќе се преквалификуваат одредени лица за таа позиција. Многу е важно да центрите активно го вклучат деловниот сектор и со взаемна соработка да ги спроведува активностите, како и да бидат делумно финансиски поддржани за преквалификацијата преку националниот годишен Оперативниот план за мерки за вработување;

- Истражување со цел точно утврдување на потребите на претпријатијата од кадар и поголема соработка со истите во обука на вработените;


  Министерство за труд и социјална политика

17-10-2019

Нема одговор

Поддршка на Коморите за бесплатен пристап кон базата на Централниот Регистар

 Потреба од мерка за поддршка на Коморите од Владата на Република Северна Македонија за бесплатен пристап кон базата на Централниот Регистар

 Достапност на анализи кои ќе ги водат компаниите кон вистинските деловни чекори, кои бесплатно ќе можат да ги користат за развој, предвидување на ефективноста и функционирањето на легислативата, како и за создавање на соодветни мерки за поддршка на развојот на приватниот сектор.


Влада на Република Северна Македонија

 

Министерство за финансии

 

Централен регистар

03-10-2019

Нема одговор

Мислење кон предлог Закон за изменување и дополнување на Закон за угостителска дејност и предлог Закон за изменување и дополнување на Закон за туристичка дејност

 Мислење по однос на Закон за изменување и дополнување на Закон за угостителска дејност и Закон за изменување и дополнување на Закон за туристичка дејност. Овие два закона се клучни за успешно функционирање на секторите угостителство и туризам со надеж дека предлозите на приватниот сектор кој се соочува со проблемите подолг период ќе бидат усвоени за напредок на дејностите

Да се дефинира категоризација за сите угостителски објекти, евиденција на туристи кои престојуваат во објекти кои работат во дејноста угостителство, да се ревидираат и усогласат казнените одредби во Законот за угостителска дејност.

Барање за доставување на официјална табела со податоци за износот на полисата или банкарската гаранција, кои не се утврдени во законскиот текст


  Министерство за економија

16-07-2019

Нема одговор

Унапредување на системот на управување со посебните токови на отпад со колективни постапувачи и вклучување на посебните токови на отпадкои може да се користат како суровина со што ќе се подобри бизнис климата и животната средина

Непостоењето на колективни постапувачи за управување со посебните токови на отпад кои може да се ре употребат, доведуваат до неопходноста од депонирање на овие токови (големи трошоци при депонирање во јавното комунално претпријатие), што директно негативно се одразува на работењето на компаниите и конкурентноста во однос на други фирми. Треба да се поттикне рециклирањето на посебните токови на отпад: текстил,  дрво, гуми, градежен шут, тонери и друг вид на отпад, со што ќе се заштедат ресурси за повторно производство на овие производи, ќе се намали притисокот на постојните депонии, ќе се лимитира заземање на нови површини, ќе се заштити животната средина и ќе се намалат количините на отпад кој ќе се носи на депонија.

 Се предлагаат следните законски измени:

1. Бришење на дефиниција "мал производител " во Законот за отпад

2. Поконкретни обврски за Градоначалниците по законските прописи за управување со отпад, отпад од пакување, отпад од електрична и електронска опрема и отпад од батерии и акумулатори;

3. Попрецизно дефинирање како колективните постапувачи за отпад од пакување да ги трошат парите како процент од приходите

- мин . за инфраструктура

- мин. за собирање и транспорт

- мин. за подигање јавна свест

4. Зголемување на потребниот процент за регистрирање колективен постапувач (од 5% на 10%) и бришење на сите понатамошни барања/ограничувања за пазарен удел

5. Посериозна и објективна годишна евалуација на работата на колективните постапувачи.

6. Внесување на дополнителни токови на отпад во системот (отпадно дрво, тонери, гуми, текстил, градежен шут и др.) за кои има заинтересирани компании кои би се регистрирале и за оваа дејност.


Министерство за животна средина и просторно планирање

15-07-2019

Нема одговор

*Позициските документи се обработени од страна на работната група која се состои од претставници од стопанските комори.


Propozimi juaj