Позиционен документ Надлежен орган - (институции до кои документот е доставен) Датум на доставување Статус Одговор на надлежен орган

Измени и дополнувања на Закон за финансиска дисциплина

Од досегашната примена на законот се идентификува проблем пред се заради постоење на  неравноправност помеѓу економските оператори од приватниот и економските оператори од јавниот сектор.

 Неопходно е да се направат измени и дополнувања во Законот за финансиска дисциплина во следната насока:

  1. Во однос на роковите кои се предвидуваат за субјектите од јавен сектор (чл. 6 ст. 3 од ЗФД)  да се прецизира и да се даде јасна дефиниција што точно подразбира договор чиј предмет е повеќегодишна јавна набавка и за истиот да се предвиди максимален рок;
  2. Да се воведе одредба каде ќе се предвиди дека плаќањето на долгот има приоритет пред плаќањето на казната (за да се исполни целта на законот т.е. исполнување на побарувачката и сигурноста и заштита на доверителите); или да се направи  категоризација, односно глобата да се пресметува согласно долгот
  3. Еднаква примена на роковите за исполнување на деловните трансакции кои се однесуваат на економски оператори од приватниот сектор и на субјекти од јавен сектор, со фокус на примена и почитување на максималните рокови за реализација на деловна трансакција во која субјект од јавниот сектор се јавува како должник.


  Министерство за финансии

28-10-2019

Нема одговор

Иницијатива за изменување и дополнување на Закон за данок на добивка и дополнување на ЗДЛД

Нерамноправност во третманот на оданочување на добивката на стопанските комори како непрофитни организации

Измена на член 4а од Законот за данок на добивка и член 12 од Законот за личен доход за промена на третманот на оданочување на добивката на стопанските комори, како непрофитни организации.


Доставено до Министерство за финансии

28-02-2019

Нема одговор

Донации во образованието како јавна дејност

Со Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности се уредуваат давањето и примањето на донациите и спонзорствата со кои давателот и примателот можат да бараат даночни поттикнувања. Со Законот не е опфатена сферата на образованието, а истото е потребно бидејќи директно ќе влијае на развојот, како и долгорочно ќе претставува стимул за компаниите да вложуваат во иден квалитетен и квалификуван кадар.

Да се интервенира во членот 30 од Закон за данок од добивка, додавајќи нов член, по аналогија на трошоците за донации и спонзорства во спортот, воведувајќи различни категории на образовни институции и соодветен процент на намалување на пресметаниот данок.

 

 


Доставено до Министертство за финансии.

26-12-2018

Нема одговор

Бенефиции за вработените

Трошоците на работодавачот за вработените за платени часови за спортски активности во специјализирани клубови, опремуваат простории со опрема за фитнес, аеробик, пинг понг, пикадо претставуваат непризнаени расходи за даночни цели бидејќи не се тесно поврзани со извршувањето на дејноста на работодавачот.

Да се измени и дополни член 9 од Законот за данокот на добивка со кој ќе се предвидат признаени расходи на компаниите за инвестиции и трошоци направени во функција на подобрување на психофизичката состојба на вработените.


Доставено до Министерство за финансии.

26-12-2018

Нема одговор

Предлози по предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања

Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања предвидуваат измени кои се во насока на прецизирање на издавањето на фискални сметки и тоа начин, време и содржина.

Продолжување на предложеното време за издавање на сторно сметки како и прецизирање на обврските за избегнување на двојно казнување.


Доставено до Министерство за финансии.

21-12-2018

Нема одговор