Позиционен документ Надлежен орган - (институции до кои документот е доставен) Датум на доставување Статус Одговор на надлежен орган

Укинување на скалестиот систем на финансиска поддршка (субвенционирање) во земјоделството

Поединечната висина на финансиската поддршка било таа да е програмирана по единица производ, по единица грло или единица производна површина пак се доуредува со Уредба за поблиските критериуми за директните плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања каде законодавецот пропишува и скалесто намалување на висината на финансиската поддршка поодредени мерки во зависност од големината на земјоделското стопанство или обемот на производство, при што помалите производни капацитети и помалите производители се фаворизираат во однос на поголемите производни капацитет.

Донесување на Одлука за укинување на скалестиот систем на финансиска поддршка (субвенционирање) во земјоделството од страна на Владата на Република Македонија, Измена на член 3, став 22 од Уредбата, Бришење на став 5 од член 47 и измена на став 6 од член 47 од Законот за земјоделство и рурален развој, Пред донесувањето на Годишните програми со кои се до уредуваат поставените стратегии за развој, Утврдување на вкупниот износ на директни плаќања по корисник да се однесува за секоја под мерка посебно, а не збирно по корисник.


Доставено до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

26-11-2018

Одговор добиен од: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на

01-10-2019


Предлози за измена и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија

Потреба од промена и дополнување на Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија.

Промена на членовите на Законот: Член 8, став 10 и 11, член 9 став 1, член 24-а, член 37, член 48, став 1 алинеа 3, да се воведе нов член кој ќе гласи Воведување на сортна листа на слободни сорти за производство, член 50 став 2, член 65-а , 66, 66- а, 67, 68 став 2, 69.


Доставено до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

26-11-2018

Одговор добиен од: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на

01-01-0001


Усогласувње на правилници согласно последните измени на Законот за семенски и саден материјал

Усогласување и усвојување на триесет правилници како подзаконски акти согласно последните измени на Законот за семенски и саден материјал

  Надлежното министерство да ги усогласи подзаконските акти според последните измени на Законот за семенски и саден материјал


  Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

02-10-2018

Нема одговор

Регистрирање на нови препарати за заштита на растенија во земјоделско производство

Често се случува земјоделските производители да се одлучат да ја заобиколат националната листа на регистрирани препарати и при тоа да применат друг препарат. Истите најчесто се преземаат од соседните држави, многу често и по пониски цени од оние што моментално се нудат на домашниот пазар. Документот во прилог содржи предлог мерки кои е потребно да се воведат со цел да се даде поддршка на регистрацијата на одредени препарати за заштита на растенија за кои има очигледна потреба помеѓу земјоделските производители, а сепак во моментот немаат голема комерцијална вредност за да го задржат вниманието на овластените застапници за увоз на овие препарати. Во иста насока документот вклучува и предлог мерки коишто е потребно да се воведат со цел да се дедуцираат производителите по однос на соодветно користење на препаратите за заштита, со што би се зголемила и ефикасноста на останатите стимулативни мерки.

Воведување мерки за поддршка на регистрацијата на одредени препарати за заштита на растенија за кои има очигледна потреба помеѓу земјоделските производители, а сепак во моментот немаат голема комерцијална вредност за да го задржат вниманието на овластените застапници за увоз на овие препарати. Паралелно со мерката за поддршка на регистрација, потребно е да се воведат и мерки за едукација на производителите по однос на соодветно користење на препаратите за заштита, со што би се зголемила и ефикасноста на останатите стимулативни мерки,  креирање на мерки за поддршка во програмите наменети за поддршка на земјоделство и рурален развој, каде што ќе се овозможи полесен и поповолен пристап на земјоделските производители до препаратите за заштита.


Доставено до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

03-04-2018

Нема одговор