Во текот на денешниот ден се одржа состанок на Комисијата на јавно-приватен дијалог која ја сочинуваат 4рите стопански комори моментално предводени од претседателката на МАСИТ, г-ѓа Анета Пешева и Владата на Република Северна Македонија, во просториите на свечената сала при Владата.
За време на двочасовната средба се дискутираа повеќе сегменти кои го засегаат бизнис секторот во државата. Имено, на состанокот присуствуваа, Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, г-дин Фатмир Битиќи, во координација со економските ресори на државата, како и г. Венко Филипче, Министер за здравство, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г. Арјанит Хоџа, заменик министерот за финансии, г-дин Димитар Ковачевски, г. Зоран Маневски заменик министер за економија и претставничката од Државен завод за статистика г-ѓа Татјана Митевска, кој разговараа со претставниците на коморите на теми поврзани со :
Преку дискусија на состанокот се донесоа конструктивни заклучоци и се воспоставија идни чекори по кој Владата заедно со Платформата за јавно-приватен дијалог ќе постапува во периодот што следи се со цел усогласување на ставовите на двете страни.
Следната средба на комисијата за Јавно приватен дијалог ќе се случи на крајот на следниот месец.