Милош Стокуќа: Инвестиции во капиталните проекти по пандемијата ќе бидат движечка сила на економијата

Милош Стокуќа: Инвестиции во капиталните проекти по пандемијата ќе бидат движечка сила на економијата
Rregullativa afariste | 06-04-2020

Пандемијата со корона вирусот предизвика голем застој и во градежниот сектор, каде голем број на изведби на проекти се стопирани, со цел да не се изложуваат вработените на ризик од ширење на заразата. Со такви услови се соочува и градежната компанија Стокуќа која е позната по целосното проектирање, инженеринг и изведба на градежните проекти. Стокуќа е семејна градежна компанија со веќе дваесетгодишна традиција. За состојбите со кризата разговараме со градежниот инженер Милош Стокуќа кој вели дека поучени од претходните шокови во градежништвото имаат фонд за „црни денови“ за исплата на вработените. Според него по завршување на кризата ќе мора да се засили реализацијата на капиталните проекти, особено во градежништвото со што ќе се посигнат многукратни позитивни ефекти во економијата.

Разговараше: Христијан Станоевиќ, Епи Центар Интернационал

БизнисРегулативаМоже ли да процените какви се првичните последици од застојот во градежништвото предизвикан од пандемијата со корона вирусот и како се одвива досега работниот процес?

СтокуќаПоради пандемијата со корона вирусот, сите проекти кои ги имавме за изведба се одложени додека не се нормализира ситуацијата и има нормални услови за работа.

Сите договори кои ги имаме за проектирање се одвиваат тековно, иако со поспоро темпо бидејќи од 11.03.2020, сите вработени се ослободени од физичко присуство во канцеларија и работат од дома. Ова знае понекогаш да ја усложни комуникацијата, но сепак сите работи се завршуваат во предвидените рокови.

БизнисРегулативаГрадежната сезона се уште не е во полн ек со оглед на временските услови, но очекувате ли проблеми во периодот кој следи со оглед на рестриктивните мерки и како тоа ќе се одрази врз вашето работење?

СтокуќаДоговорите кои ги имаме за изведба се со инвеститори кои имаат разбирање за ситуацијата, и не сакаат ниту тие да се изложуваат на ризик, ниту нас да не изложуваат на ризик. Поради тоа, со сите сме во постојана комуникација да кога двете страни ќе бидеме согласни дека има улови за работа, тогаш да почнеме со активности на градилиште. Во меѓувреме, само можеме да се подготвуваме што подобро за почетокот на градбата, како би го надоместиле изгубеното време.

БизнисРегулативаВладата донесе повеќе пакет мерки за поддршка на приватниот сектор во време на криза каде акцентот е ставен на задржување на работните места. Што мислите за досегашните мерки кои ги најавија властите, дали се доволни и што според вас треба да се преземе?

СтoкуќаВо нашата фирма сметаме дека со сопствени сили ќе ги задржиме вработените. Од минати искуства правило е да имаме фонд за „црни денови“ чија што цел е да вработените не ги почуствуваат турбуленциите во градежниот сектор. За мерките од владата не би можел да коментирам, но сметам дека инвестиции во капитални проекти по завршување на пандемијата ќе бидат главна движечка сила за сите фирми во градежниот сектор.

БизнисРегулативаВо каква состојба е вашата компанија, имате ли проблем да ги задржите вработените?

СтокуќаЗасега е business as usual. За понатаму се надевам дека работите ќе почнат полека да се враќаат во нормала од аспект на изведба.

БизнисРегулативаМеѓу мерките беше најавено и олеснување на кредитните услови со банките. Ќе бидат ли истите од корист и постои ли ризик за ликвидноста на компаниите?

СтокуќаПрво би требало да ги видиме конкретно кои ќе бидат олеснителните кредитни услови од банките за да можеме да одговориме на ова прашање.



Сподели