Што донесуваат измените и дополнувањата на Законот за данок на личен доход?

Што донесуваат измените и дополнувањата на Законот за данок на личен доход?
Rregullativa afariste | 10-01-2020

 Согласно последните измени и дополнувања на Законот за данокот на личен доход објавени во „Службен весник на РСМ“ бр.275/19, се одложува примената на прогресивното оданочување за:

 

- Доход од работа;
- Доход од самостојна дејност;
- Доход од авторски и сродни права и
- Доходот од продажба на сопствени земјоделски производи.

 

За овој вид на доход за 2020, 2021 и 2022 пресметката и плаќањето на данокот на доход ќе се врши по стапка од 10%.

 

Исто така, за 2020, 2021 и 2022 година, пресметката и плаќањето на данокот на доход ќе се врши по стапка од 10% и за следните видови на доход:

 

- Доход од права од индустриска сопственост;
- Доход од закуп и подзакуп;
- Доход од капитал;
- Капитални добивки;
- Доход од осигурување и
- Друг доход.

 

За доходот остварен од добивки од игри на среќа стапката на данокот на личен доход останува непроменета односно 15%.
Со измените и дополнувањата на Законот, дополнително како предмет на оданочување се специфицира остварена капитална добивка од продажба на удел во инвестициски фонд.

 

Оданочувањето на овие добивки, заедно со одредбите за оданочување на каматите од орочени депозити и капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност, ќе стапат во примена од 1 Јануари 2023 година.

 

Воедно, нормираните и признати трошоци кај одделните видови на доход, со измените и дополнувањата остануваат непроменети.



Сподели