Коцев: Посебен орган да ги сузбие аномалиите на скриени управители, непотизам и судир на интереси

Коцев: Посебен орган да ги сузбие аномалиите на скриени управители, непотизам и судир на интереси
Rregullativa afariste | 20-06-2019

  Според искуствата на бизнис заедницата еден од главните проблеми во исполнување на договорите е избегнувањето на должниците да си ги подмират долговите, па дел од нив затвораат и отвораат фирми, ги пренесуваат на нивни блиски иако формално нема никаква поврзаност со нив. За нарушената ликвидност во стопанството, слабата наплата на долгови и незадоволството од Законот за финансиска дисциплина кој не ги даде очекуваните резултати, туку создаде и одредени дополнителни проблеми, како и за недостигот на инструменти за гарантирање на побарувањето, разговараме со овластениот сметководител Васко Коцев, сопственик и менаџер на VK KONSALTING, кој има речиси 20 годишно искуство во финансиите, ревизијата, и сметководството. Според Коцев потребно е да се врати довербата во системот и да се преземат големи реформи со широк пристап за решавање на проблемите со ликвидноста на компаниите.

 

Разговараше: Христијан Станоевиќ

 

БизнисРегулативаКои според вас се најголемите слабости на Законот за финансиска дисциплина, дали тој ги исполни целите за кои се донесен?

 

Коцев: Што правиме ако двете фирми кои имаат трансакции, а се во сопственост на едно лице кое не е поврзан субјект или се во сопственост на лица кои се во блиска сродна врска на пример ќерка, син, сопруга и слично тие никогаш нема да се повикаат на одредбите од законот.

 

Друштвата кои редовно соработуваат и се добро познати меѓу себе никогаш нема да се повикаат на овој закон од аспект на ненарушување на добрите односи и нивната меѓусебна зависност.

 

БизнисРегулатива: Што може да се преземе со цел да се подобри ликвидноста на компаниите како и да се подобри процесот на наплата на побарувањата?

 

КоцевЗа подобрување на ликвидноста на фирмите се потребни следниве суштествени услови:

 

-        Подобрување на стандардот на обичните физички лица – граѓани како најмасовна куповна моќ во општеството

-       Подобрување на инфраструктурата која е водечки фактор во обезбедувањето на соодветен транспорт и достава на доброто (брзина и сигурност во доставата)

-       Ослободување во оптоварувањето со даночната политика во поглед на намалување на даноци од типот на персонален или така наречен данок на личен доход, данок на добивка и придонеси при исплата на плати имајќи во предвид дека според мене ние се уште не се водиме како земја во развој

-     Изгубена доверба во системот и органите на државата во постапките при јавни наддавања и јавни огласи, непотизам и судир на интереси, скриени фантомски управители и основачи на фирми додека вистинските се кријат во името на некои функционери или носители на други јавни функции кои се во подобра положба на пазарот од било кој аспект и чувството на пониженост и покорност кон истите

-        Спроведување и целосно посветување на примената на одредбите од Законот за нерегистрирана дејност кои според мене се најсуштествени во разградувањето и обезбедување на сигурноста на друштвата од нелојалната конкуренција. Како пример во контекст на ова секогаш постојат одредени закани од тоа дека услугата од страна на некое правно лице ќе биде заменета со поевтина од страна на друго правно лице честопати не поседувајќи соодветен сертификат или лиценца. Тука според мене треба најмногу внимание да се посвети па дури и да се формира посебна комисија или орган кој ќе постапува во најкус можен рок за сузбивање на ваквите аномалии во општеството.

 

БизнисРегулатива: Имате ли искуство со набавки од државниот сектор и како оди процесот на наплата на побарувањата, има ли доцнења и механизми да се обезбеди долгот?

 

Коцев: Да, имаме искуство со јавни набавки или тендери и мој впечаток е дека се подобрува самата постапка при изборот на најповолни понудувачи но, се уште има премногу документација и трошоци при обезбедување на пристап до истите (доказни материјални документи имајќи во предвид дека јавните установи тоа многу лесно можат да го прибават со современите е-системи со кои располагаме).

 

БизнисРегулатива: Колку се слуша гласот на приватниот сектор и претприемачите кога се менува бизнис регулативата, како е вашето досегашно искуство?

 

Коцев: Во последниве две години како воопшто да не одекнува гласот на бизнис заедницата до соодветните органи посебно во делот на покачувањето на даноците. Не се спроведуваат соодветни анализи ниту пак се извршени јавни испитувања или анкети.



Сподели