Утре ќе се одржи инфо-сесија за Законот за финансиска дисциплина и исполнување на договори

Rregullativa afariste | 17-06-2019

  Во вторник, 18ти јуни 2019 година, во хотелот „Изгрев “ во Штип,  Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, ќе одржи инфо сесија на тема: „Закон за финансиска дисциплина и исполнување на договори“

 

Регистрацијата на учесници ќе се одвива помеѓу 10:30-11:00 часот, а настанот официјално ќе биде отворен во 11:00 часот.

 

Целта на настанот е претставување на Законот за финансиска дисциплина, како и идентификување на предизвици со кои се соочуваат компаниите во неговата имплементација, а потоа дефинирање на конкретни предлози и решенија за подобрување на законот и нивно проследување до надлежна институција. Со конкретните предлози од оваа инфо сесија се цели да се подобрат условите за работа на компаниите кога станува збор за Законот за финансиска дисциплина и исполнување на договори.

 

На настанот ќе присуствуваат претставници на релевантни институции, стопанственици, експерти со цел да се отвори дискусија за подобрување на законското решение.

 

Информативниот настан е наменет за сите микро, мали и средни претпријатија во насока на нивно вклучување во подобрување на законските решенија преку доставување на свои предлози и сугестии. Учеството на инфо сесијата е бесплатно.

 

Ве молиме, Вашето присуство задолжително да го потврдите најдоцна до 17-ти јуни 2019 година (понеделник) до крајот на работниот ден на е-маил: info@chamber.mk или на тел: 075 254 087, контакт лице: Љупка Димоска. 



Сподели