Спроведување на договорите еден од главните приоритети за реформи на бизнис секторот

Спроведување на договорите еден од главните приоритети за реформи на бизнис секторот
Rregullativa afariste | 12-06-2019

Според анкетата на компании за оцена на бизнис средината во Македонија, која ја спроведе Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива, спроведувањето на договорите и ефикасно судство е еден од главните реформски приоритети на кој е неопходно да се работи со цел да се подобри бизнис климата во земјата. Показателите за перцепцијата на компаниите треба да се насока за надлежните институции во креирање и спроведување на политиките, како и за подобрување на бизнис регулативата за олеснување на водењето бизнис во Северна Македонија.

 

Од листата на приоритетни реформи кои им беа понудени на анкетираните компании во годишното испитување на Бизнис средината за 2018 годината, еден од приоритетите е токму ефикасност на судството и спроведување на договорите во врвните три неопходни реформи.

 

Второ рангиран приоритет од аспект на реформи е ефикасно судство и спроведување на договорите со соработниците. Стабилна правна основа, фер договори, брзи и ефикасни судови, ефективна правда и спроведување на одлуки се основен предуслов за развој на современа и цврста економија. Има многу иницијативи и овие проблеми не се нови или непознати за државата, но бизнис секторот се уште верува дека итни реформи се потребни во овие области и дека досегашните не се доволни за да му помогнат на бизнисот.

Приоритетни реформи за подобрување на бизнис средината 2016-2018

 

Третата оцена на бизнис средината во Македонија се спроведе во периодот од 24 октомври до 19 ноември 2018 година. Главна цел на истражувањето е да се следи перцепцијата на бизнис секторот во однос на бизнис регулативата во Република Северна Македонија. Анализата, заклучоците и препораките траба да им дадат информации на надлежните органи и организациите кои го поддржуваат бизнисот за тековната ситуација и задоволството на бизнис секторот со правната бизнис регулатива, и врз основа на овие информации надлежните органи можат да донесат позитивни одлуки за подобрување на бизнис регулативата. 

 

Анкетата, спроведена преку Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива ја спроведоа најголемите стопански комори во државата: Стопанската комора на Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Сојузот на стопански комори на Македонија.

 

Од вкупно 2267 идентификувани и контактирани компании за време на спроведувањето на анкетата во 2018 година, 518 го пополниле прашалникот.

 

На 18 јуни во 11 часот во хотел Изгрев во Штип, Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива ќе одржи инфо-сесија на која ќе учествуваат експерти, претставници на институции и бизнис секторот со цел детектирање на слабостите на актуелните законски решенија и изнаоѓање на заеднички приоритети на компаниите за подобрување на бизнис регулативата кои потоа ќе бидат доставени до надлежните органи за спроведување.



Сподели