Невработеноста „стопена“ на 17,8%, расте и БДП во првиот квартал

Rregullativa afariste | 07-06-2019

Според најновите подати на Државниот завод за статистика во првиот квартал од 2019 година се бележат позитивни економски трендови, растот на Бруто домашниот производ изнесува 4,1%, додека пак невработеноста е намалена на 17,8% што е досега рекордно најниско ниво и го потврдува позитивниот тренд на намалување на регистрираните невработени лица во Северна Македонија.

 

 

„Задоволство ми е денеска да соопштам дека растот на бруто домашниот производ во првиот квартал изнесува 4,1 процент, што е највисокиот квартален износ во последните две години. Математички прецизно, има разлика. Разликата од пред две години е 4,1 процент. Очекуваме разликата да се зголемува зошто во вториот квартал стапката на раст на БДП во 2017 година беше минус 1,8 проценти. Со оваа разлика паѓаат во вода вчерашните небулози на ВМРО – ДПМНЕ дека нема напредок во економијата“, рече Заев.

 

Владата ги презентираше и бројките за падот на невработеноста која во првите три месеци од годинава е 17,8 проценти. Во однос на лани падот бележи 3,8 отсто. На крајот од 2018 година стапката на невработеност беше 19, 4 проценти. Според податоците на статистика, во првите три месеци од годинава невработени се 171.329 луѓе. Во однос на првите три месеци од ланската година споредбено со оваа, системот бележи 41 илјада плус вработени. Падот на невработеноста за вицепремиерот Кочо Анѓушев е поради економските политики на владата и растот на странски инвестиции.

 

„Од моментот кога оваа влада стапи во својата функција запослени се 49.522 вработени или стапката на незапосленост од 22,6 отсто во вториот квартал од 2017 година во првиот квартал од 2019 година е 17,8 проценти или апсолутен пад на невработеноста од 4,8 проценти или ќе повторам тоа се 49.522 вработени“, рече Анѓушев.

 
Следствено на растот на БДП очекувано е да има корекции и во износот на пензиите кои треба да добијат зголемување од државната каса.
 


Сподели