Интервју Секнај: Долгата политичка нестабилност е главна пречка за справување со неформалната економија

Rregullativa afariste | 20-05-2019

 Ардита Секнај од Интернационалната комора за трговија на Албанија како меѓународен експерт учествуваше на неодамнешниот форум за справување со последиците од сивата економија кој се одржа во Скопје во организација на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива. Секнај има големо искуство во банкарскиот, финансискиот и туристичкиот сектор во Албанија, па така присутните имаат можност да дознаат повеќе за мерките кои се спроведуваат во западниот сосед со справување со нелојалната конкуренција која произлегува од сивата економија, како и за заложбите за зголемување на процентот на компании кои ќе се формализираат и ќе ги плаќаат давачките кон државата. Секнај, смета дека сите активни мерки и реформи треба внимателно да се спроведат бидејќи без оглед на крајните ефекти, последици може да има врз социјалната структура, а со тоа и контра резултати. За искуствата од Албанија, што може од нив да се примени во Северна Македонија, но и што може да се земе како оценка од нашата состојба со неформалниот сектор, разговараме со експертот Секнај.

 

БизнисРегулативаКолку е присутна сивата економија во Албанија и кои се директните последици врз формалниот сектор. Каде најчесто е присутна сивата економија, во кои области?

 

Секнај: Ако треба да разговараме за конкретни бројки за неформалниот сектор тоа ќе биде многу тешко. Тоа не е случај само за Албанија, туку за многу земји. Албанија е земја со среден приход која прави напори да ги преброди 30 години на предизвици за поотворена економија, демократско управување и социјална вклученост и добросостојба.

Во тој контекст сивата економија во Албанија е се уште загрижувачки феномен кој е присутен во економијата и општеството. Иако земјата доживеа стабилен економски раст, поголемата отвореност кон странските пазари, се уште недостасува справување со проблеми како што е неформалниот сектор.

Присуството на сивата економија ги спречува можностите за поголема отвореност и експанзија, поголем обем на собирање на јавните приходи преку даночниот систем и за повеќе инвестиции во јавни проекти како на локално така и на национално ниво. Неформалниот сектор има подиректни ефекти во нарушување на пазарните правила и го отвора патот за нелојалната конкуренција. Земјоделството, трговија, туризмот и градежништвото се најранливи сектори за сивата економија.

 

БизнисРегулативаШто презема Албанија во последните години за да се намали сивата економија?

 

СекнајАлбанската влада презеде многу активни чекори во последните години во справување со различни видови на неформален сектор во економијата на земјата. Во септември 2015 година беше преземена одлучен акционен план со главна цел на понатамошно формализирање на претпријатијата, особено тие кои оперираат во секторите на трговија и продажба. Почетните резултати постигнати од имплементација на овој акционен план покажаа дека се зголемува бројот на компании кои се вклучуваат во формалната економија. Овој факт покажа дека поголем инпут од државата ќе придонесе за ефект на прелевање и во останатите сектори од економијата како енергетиката, туризмот, угостителството и земјоделството. Процесот на формализација вклучување формализирање преку регистрирање на компаниите во националниот регистар на бизнис, поврзување на продажните места со фискални кази, пријавување на работната сила и плаќање на соодветните даноци кон државата.

 

 

БизнисРегулативаКои мерки досега дадоа најдобри резултати во вклучување на бизнисите, претпријатијата и претприемачите во даночниот систем и во формалниот сектор?

СекнајЗа жал репресивниот пристап досега даде повеќе резултати и се покажа дека е поефикасен. Јас лично сметам дека е штета, бидејќи овој репресивен пристап иако е многу ефикасен може да предизвика контроверзни општествени и социјални ефекти.

Во тој правец имплементацијата на овие реформи треба да се спроведе внимателно, со поголема флексибилност на акциониот план која ќе обезбеди балансирана платформа на субвенции или поволности и казни од друга страна. Надлежните институции кои го спроведуваат планот треба да бидат внимателни дека независно од резултатите кои треба да бидат постигнати, мерките не треба да предизвикаат социјална траума.

Од друга страна одговорност на општеството е без оглед дали е претставени преку компании или поединци да соработува со јавниот сектор во адресирање на проблемите со сивата економија преку платформи за дијалог и да ги поддржи неопходните реформи на конструктивен начин.

 

БизнисРегулатива:Како се подготвуваше бизнис регулативата во Албанија во овие области, имаше ли одредени олеснувања за компаниите при имплементацијата на новите мерки?

 

СекнајПред да започне да се спроведува акциониот план за сивата економија во септември 2015 година, јавноста беше информирана два месеца претходно за планираните мерки. Така што постоеше период на информирање однапред. Кратко откако започна да се имплементира акциониот план, владата воведе фискални пакети насочени кон поголем импакт кај микро, малите и средните претпријатија со цел да се олесни фискалниот товар. Во следните години владата преку ефект на прелевање воведе и други поволности за специфични сектори каде сивата економија се сметаше дека е многу присутни, како во туризмот и ИТ индустријата. На тој начин преку соодветна формализација им се овозможи на компаниите да имаат придобивки од фискалните пакети.

 

БизнисРегулативаШто мислите за состојбите во Северна Македонија, кои искуства може да се применат тука и обратно, што може да се научи од македонската бизнис заедница за справување со неформалниот сектор?

 

СекнајПретпоставувам дека регионот повеќе или помалку ги одразува истите карактеристики кога станува збор за неформалниот сектор. Политичката нестабилност со која нашите земји долго време се соочуваат стана голема пречка кога станува збор за справување со неформалноста на економијата.

Република Северна Македонија покажа одлучна сила кога станува збор за национален интерес. Неформалноста како и во Албанија и Северна Македонија треба да се смета за прашање од национален интерес. Во таа смисла, верувам дека сите засегнати страни во Северна Македонија треба да се здружат и да имаат заедничка агенда за справување со неформалноста.

Владата има одговорност да ја воспостави правната и регулаторната рамка, да воведе мерки и да обезбеди ефективен надзор. Владата треба да води сметка да ја информира јавноста навремено, да комуницира преку транспарентни и искрени принципи со јавноста и да се стреми кон едноставни решенија за било која мерка што има намера да ја преземе.

Деловната заедница не смее да ја разгледува сивата економија само како прашање на владата. Претпријатијата, претприемачите, бизнис лидерите треба да го подигнат својот глас и капацитет и да побараат соодветна имплементација на законите и правилен инспекциски надзор од страна на одговорните институции и да преземат цврсти акции што ќе доведат до одржливи резултати.

Има многу примери кои доаѓаат од други земји со достигнувањата и научените лекции. Нема потреба да го измислувате тркалото, но секоја достапна успешна приказна ќе биде вклучена во специфичниот локален контекст на Северна Македонија. Доколку Северна Македонија биде подготвена да прифати слични мерки како што е данскиот „флексигурност“ за справување со невработеноста и неформалното вработување, тогаш ќе мора да се осигура дека столбовите на моделот остануваат исти, но прилагодени со мерки што јасно го одразуваат локалниот контекст. Правилното спроведување на секоја мерка или реформа е од фундаментално значење за постигнување конкретни и одржливи резултати.



Сподели