Зошто листите за проверка на Бизнис Регулатива треба да бидат првиот „консултант“ на фирмите?

Rregullativa afariste | 10-04-2019

  

Ги повикуваме сите фирми на порталот Biznisregulativa.mk да ги испробаат листите за проверка. Тие се добра можност да видат дали нивното работење е ускладено со законските прописи. Пополнувањето на листите е бесплатно, целосно анонимно, а извештајот што ќе го добијат на крај е само нивен!

 

Во Македонија има повеќе од 70.000 претпријатија, од кои 80%-90% се мали претпријатија, кои во најголема мерка немаат капацитети да ги следат законите. Процесот на следење и усогласување со законските регулативи навистина е голем предизвик, особено за мали компании кои се соочуваат со огромни предизвици да се „одржат во живот“ и притоа да работат усогласено со сите законски барања. Да потсетиме, во деловно опкружување каде што има над 500 промени на законите во текот на годината речиси е невозможно едно мало или микро претпријатие, коешто нема најмено сметководител или адвокат, да ги следи законите.

Токму обаа ситуација беше главната инспирација четирите стопански комори (Стопанската Комора на Македонија, Комората за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, Стопанската комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија) со здружени сили преку проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ кој го имплементира Епи Центар Интернационал, да изготват бесплатна алатка – листи за проверка-  која ќе служи како “прва помош“ за проверка на усогласеноста на компаниите со законските прописи во земјава.

Ви даваме едноставен преглед на бенефитите од овие листи за проверка

Во кои области се направени листите за проверка?

Интерактивните листи за проверка или check листи имаат две основни цели. Едната е да ги информираат претпријатијата за обврските коишто ги имаат за законите кои се однесуваат за сите претпријатија и за секторските закони. Засега тие листи сетекстил, информатички и комуникациски технологииградежништво, трговски друштва, работни односи, даноци, безбедност и здравје при работа и земјоделство. 

 

Како функционира алатката?

Листите за проверка во кои претпријатијата на многу едноставен начин со одговор „да“, „не“ или „не знам“ одговараат на сите прашања кои се поврзани со обврските од законите. На крајот по пополнувањето на целата check листа системот дава индикација дали претпријатието е усогласено со законите, во колкава мера е усогласено и со кои прописи не е усогласено. Во исто време им го дава членот од законот со којшто не се усогласени и можната глоба. Системот на крајот им дава линк каде што можат да го симнат целиот член од законот кој се однесува на конкретниот предмет. Едноставно, зар не? 

Колку време постојат овие check листи?

Листите за проверка постојат и се отворени од поставувањето на порталот www.biznisrеgulativa.mk во јуни 2018 година. Досега се пополнети околу 600 листи.

 

Зошто да се користат листите за проверка?

Многумина не се свесни дека отворањето фирма повлекува многу барања коишто секоја фирма треба да ги задоволува. Затоа овие листи на проверка се одлична алатка секоја фирма, секој претприемач да ја провери својата усогласеност со законите.  
На фирмите им помагаат да се информираат, на законодавецот да се информира каде се проблемите, а на коморите да ги разберат барањата на фирмите кои се поврзани со одредени закони.

Овој сервис моментално е целосно бесплатенПожелно е фирмите да го користат и евентуално да ги откријат пропустите во своето работење. Со тоа навреме ќе реагираат на нивно отстранување и ќе се поштедат од глоби при евентуални инспекции!




Сподели