Станчев: Потребите за кадар на фирмите да се дел од образованието, инаку системот нема да функционира

Rregullativa afariste | 04-04-2019

 Какви реформи се потребни се подобрување на пазарот на труд во Северна Македонија кои ќе придонесат за задоволување на потребите на приватниот сектор од квалитетен кадар со соодветни квалификации и вештини, како и на зголемување на вработеноста, искористување на човечкиот капитал и спречување на негативните трендови на иселување на младите со одлив на мозоци. Правиме споредба и со состојбите во Бугарија, земја која откако стана членка на ЕУ се соочи со силна миграција и иселување, но и добри мерки во изминатите години со што има повратна миграција, како и зголемување на потребите од работна сила. Анализата ја направивме со бугарскиот, економист и основач на Институтот за пазарна економија кој сега е и вонреден професор на Универзитетот во Софија, експерт со повеќе од 10 години искуство во реформи на пазарот.

 

БизнисРегулативаКако Бугарија се соочува со предизвикот на миграцијата, особено на млади и образовани луѓе. Како земјата прави напори за да ја подобри состојбата со работната сила?

 

Станчев: Со колеги направивме специјална анкета за проблемот во 2005 година, а потоа ОСИ во Софија ја повтори анкетата откако земјата и се приклучи на Европската Унија. Според моите заклучоци, најпрво е дека ниту една директна интервенција не беше од голема помош. Тоа се должи на следните причиниРазликата во приходите во 2004-2005 беше толку голема што владата не беше во можност да ја спречи миграцијата. Истото важи и за даночниот третман, кога бугарските граѓани се преселија во било која ЕУ земја најпрво потпаѓаа во категоријата која е изземена од плаќање даноци или беа неформално вработени, па и во таа фаза тие добиваа добар приход за семејниот буџет како и за нивните роднини во Бугарија. Сумите на кеш беа доволни за да се финансираат 300 илјади семејства месечно во Бугарија, ова е мерка која не може да ја донесе ниту една влада без оглед на фискалната политика, додека пак сумите во кеш беа релативно помали како учество во БДП во споредба со Албанија, Македонија и Ерменија.

 

Втората причина е поголемиот степен на квалификации за кариерни можности, квалитет на живот и услови за просперитет на подолг период, кои не може да бидат субвенционирани.

 

Трето, тоа не беше класичен одлив на мозоци, повеќето емигранти квалификациите ги стекнуваа во новите земји, со цел да се вклопат таму.

 

Четврто, дури и тогаш беше видливо дека има повратна миграција, за професионалци кои ќе ги најдат истите конотации (приход, кариера, престиж и итн.) во Бугарија. Во периодот 2001-2003 најмногу се должеше на враќањето на некои владини позиции, интернационални програми и странски директни инвестиции во стартапи (во тој период Бугарија беше на второ место според СДИ веднаш зад Хонг Конг како дестинација, а во 2008 СДИ придонесуваа за 97% од фиксниот капитал во земјата. Од периодот 2009-2012кога настана рецесијата трендот на враќање на емигрантите сопре. Сега недостатокот на работна сила повторно се фактор на повратна миграција. Но, недостасуваат странски директни инвестиции, најмногу поради незадоволителната состојба со владеење на правото. Во сектори кои не зависат од владини контроли, дозволи, концесии и набавки, СДИ и натаму се високи. Всушност, владеењето на правото, лесните даноци, квалитетот на перспективите, економскиот раст и СДИ се клучни.

 

БизнисРегулативаЗемјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија се соочуваат со висока стапка на невработеност помеѓу младите и зголемена миграција. Што може да направат приватниот сектор, академската фела и владините институции за да го спречат ова?

 

СтанчевСитуацијата е многу слична и во Бугарија, со тоа што работите тука се менуваат кон подобро во последните 3-4 години и невработеноста меѓу младите се намали речиси тројно, од 22% на 8-9% од работната сила. Пред 2016 година, клучниот фактор за невработеноста меѓу младите беше Законот за работни односи, де-факто привилегиите за тие кои веќе се вработени, членови на синдикати кои се дел од колективните преговарања и привилегии кои спречуваа вработување на млади луѓе. Сличен фактор беше и недостатокот на контрапродуктивна регулација на плаќање по час, како и договорите за привремено вработување, обидите да се обезбеди платена пракса. За необразованите работници високиот износ на минималната плата ви за ви просечната беше главната причина да останат невработени и тоа се уште е проблем во посиромашните делови на земјата. Сето ова исчезна кога сите, дури и синдикатите се соочија со проблемот на високата побарувачка за работна сила, одеднаш тие разбраа дека клучната причина за младите да се невработени е тоа што нема понуда на работни меса, односно кај работодавачите иницијативите се ограничени од регулативата.

 

БизнисРегулативаВо изминатиот период ние имавме повеќе субвенции од Владата во различни програми за вработување. Какво е бугарското искуство, кои политики и мерки даваат најдобар исход за пазарот на труд?

 

СтанчевМојот впечаток е дека активните програми за вработување во Македонија се многу поефикасни од тие во Бугарија. Тоа е точно, барем во делот на трошоците, во Бугарија за да обучите некого да се вработи ќе ве чини 1500 евра, и никој од страна на побарувачката, од бизнис секторот не беше консултиран за тоа какви вештини се потребни. Во Македонија цените се чини дека се двојно пониски и бизнис секторот е вклучен во одредување на квалификациите кои се потребни. Не сум сигурен колку тие програми функционираат оваа година, побарувачката е толку висока што е сигурно дека тие треба значително да се рационализираат или пак да се утврди кој сака да се пријави на обуки само колку да добие бесплатен ручек и стипендија, и да се преправа дека учи нови вештини.

 

Мислам дека сепак, македонските програми без оглед на нивните очигледни придобивки треба да се оценат независно, барем во смисла на ефикасноста и опциите кои ги нудат за долгорочна вработеност и нови склучени работни договори. Исто така треба да се поврзе социјалната помош со вработувањето, како што се Програми за прво вработување кои добро функционираат од САД до Молдавија. Тие не направија некоја голема разлика во Бугарија, но всушност и никој не го оцени соодветно исходот и квалитетот на сработеното, но помошта беше исплатена без оглед на се.

 

БизнисРегулативаШто може да се подобри во образовниот систем? Во последните години Северна Македонија го направи средното образование задолжително и отвори голем број на нови државни факултети насекаде низ земјата, но сега приватниот сектор тврди дека се соочува со недостиг на компетитивна работна сила, како ова може да се промени на краток и долг рок?

 

СтанчевТоа што би било соодветно, речиси сигурно е да се примени анализа на трошоци и придобивки, која ќе ги доближи побарувачката за работна сила од бизнис секторот и понудата која создава кадри од образовните и кариерните центри, факултетите и универзитетите. Накратко, бизнисот треба во некоја форма да земе учество во развој на курикулумот, во обезбедување обуки и прием на практиканти, како и на одредување на исходите од образовниот процес, односно да се подобрат критериумите за положување на тестови и стекнување со дипломи. Овој пристап можеби не е применлив за теоретска или нуклеарна физика, за филозофија или литература, но сигурно е применлив во други области каде се бараат конкретни вештини за пазарот на труд. Секако, двете страна треба да имаат слобода да соработуваат, односно Министерството за образование и наука треба да го одобрува курикулумот, инаку системот нема да функционира.

 

БизнисРегулативаДали сметате дека се потребни промени во регулативата за работните односи во Северна Македонија, дали треба да оставиме поголем простор за приватниот сектор и работната сила да преговараат и да има флексибилност во договорите за вработување?

 

СтанчевАко се спроведе даночната реформа на приходите како што е планирано, сосема е извесно дека ќе направи одредена штета на средниот приход која ниту една промена на Законот за работните односи нема да ја надомести. Не сум сигурен каков е статусот со промените на Законот за работни односи, но знам дека постоечкиот закон е валиден, а последните законски измени се од 2015 година. На хартија изгледа рестриктивен, но немам многу податоци како се спроведува во пракса. Од тоа што може да се види, прочита и дознае од терен, од мои пријатели бизнисмени, е дека нема голем оптимизам дека промените на Законот за работни односи ќе ги променат работите на подобро, односно дека ќе доведат до либерализирани односи и намалување на бирократијата. Прочитав во последната анкета Балкански барометар (2018) дека 35% од македонските граѓани се оптимисти за економски развој во 2019 година, 62% не очекуваат никакви промени кон подобро, но само 14% велат дека ќе биде полошо.

 

РазговарашеХристијан Станоевиќ



Сподели