Форумот за сива економија ќе даде насоки за нејзина елиминација

Форумот за сива економија ќе даде насоки за нејзина елиминација
Rregullativa afariste | 10-05-2019

Во насока на активно вклучување на деловната заедница во стратешките економски политики и националната законска регулатива, Проектот на УСАИД “Партнерство за подобра бизнис регулатива” кој го имплементираат четирите клучни партнери: Стопанска комора на Македонија; Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија, организира Форум на тема: “Механизми за елиминација на сивата економија, имплементација и очекувани резултати”. 
 
Целта на форумот е инклузија на сите релевантни страни во процесот на намалувањето на сивата економија и дискусија за идентификување на предлози, начини и механизми со кои ќе се намали сивата економија и создаде поволен деловен амбиент за компаниите. Форумот е наменет за сите микро, мали и средни претпријатија во насока на нивно вклучување во креирање на предлози, мерки и заклучоци за борба со сивата економија, а сите Ваши конкретни предлози и заклучоци ќе бидат дефинирани и доставени до надлежните институции.
 
На настанот ќе присуствуваат релевантни меѓународни и домашни експерти, претставници од Управа за јавни приходи, Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд, официјални претставници на стопанските комори и претставници на бизнис секторот.
 
Ве молиме, Вашето присуство задолжително да го потврдите најдоцна до 13 мај 2019 година (понеделник) на е-маил: ljdimoska@sojuzkomori.org.mk или на тел: 075 254 087, контакт лице: Љупка Димоска. 
 
Вториот дел од форумот ќе се одржи во Скопје на 16 мај. 


Сподели