Dhomat e Tregtisë të Maqedonisë


Ngarje

ССК со признание од Светската Царинска Организација

ССК со признание од Светската Царинска Организација 23-01-2020


Генералниот секретар на Светската Царинска Организација Кунио Микурија, додели признание за придонес кон развојот на Царината на претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска. Признанието го врачи директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, во пресрет на Светскиот ден на Царината, кој традиционално секоја година се одбележува на 26 јануари. Арсовска истакна дека ова признание е уште една потврда за успешната соработка на Сојузот на стопански комори на Македонија со институциите, каде активно се вклучува како промотор и лидер на современите светски трендови со особен акцент на дигитализација на процесите.  „Дигитализацијата на деловните процеси и поврзаност на институциите при имплементирање на новите трендови е од особена важност за зголемување на продуктивноста и конкурентноста на деловната заедница. Минатата година Сојузот беше меѓу првите комори во Европа која ги дигитализираше алатките за меѓународна трговија и воведе е-Сертификат за потекло, поддржана и од Царинската управа. Подготвени сме и во иднина како Сојуз, да го поддржуваме пеоцесот на олеснување на трговијата“, изјави Арсовска и додаде дека ова признаниe е уште една потврда за Сојузот на стопански комори на Македонија кој  гради партнерства како во земјата, така и во светски рамки. Танасокси, директор на Царинската управа истакна дека Царинската заедница повторно се здружува, обединета во одбележувањето на Меѓународниот ден на Царината.  „На овој посебен ден членките, секретаријатот и партнери на СЦО од целиот свет се посветуваат на одредена тема. Во 2020 година, под слоганот „Царина се грижи за одржливост на граѓаните, просперитетот и планетата“, Царинската заедница ќе се фокусира на придонесот на Царината кон одржлива иднина на социјалните, економските, здравствените и еколошките потреби“, рече Танасоски и додаде дека коректната соработка е од голема важност за квалитетна животна средна.
Më tepër ...

Средба Арсовска – Заев: Политичкиот клиентелизам треба да се замени со меритократија

Средба Арсовска – Заев: Политичкиот клиентелизам треба да се замени со меритократија 21-01-2020


На средбата иницирана од Социјал Демократскиот Сојуз на Македонија во процес на изработка на  предизборната економска програма, Сојузот на стопански комори на Македонија, испорача три приоритети за подобрување на условите за работа на приватниот сектор.  На средбата со  Данела Арсовска, претседател на Сојузот и членовите на бордот, претседателот на СДСМ, Зоран Заев имаше можност од прва рака да ги слушне препораките на  деловна заедница. Арсовска истакна дека приоритет број еден за кој Сојузот гласно говори е справувањето со сивата економија, второ функционалност на законската регулатива и редовно консултирање на деловната заедница за законите кои треба да се имплементираат, како и мерки за зголемување на инвестициите со воспоставени услови за владеење на правото, слободна и фер конкуренција. Предуслов за реализација на овие три приоритети е справување со политичкиот клиентелизам, заради кој сите други развојни процеси се закочени. „ Во поглед на економските програми потребно е да бидат реални, конкретни и фокусирани на неколку приоритети со прецизни чекори кои ќе се превземат и со очекувани резултати и рокови за нивно имплементирање. Економијата треба да биде приоритет заснован на развој на реалниот сектор во земјата. Растот ќе се постигне со овозможување на развој на претприемништвото, раст на инвестициите и спроведување на неопходните структурни економски реформи кои не само за ЕУ туку пред се и нам ни се потребни. Пред нас е изборен период во кој политичките партии многу ветуваат, а потоа малку од тоа се реализира или прифатените економски мерка попатно се разобличуваат од иницијалната идеја“,    изјави Арсовска на средбата и додаде дека подобрување на деловното опкружување бара длабоки промени, а суштинските ефекти ќе бидат видливи кога ќе се зголеми инвестициската активност на претприемачите, како доказ дека функционира пазарната економија со воспоставени правила на игра од страна на институциите на системот.  Деловната заедница истакна дека во пазарна економија носител на растот е приватниот сектор и треба да се искористи потенцијалот на оние кои со сопствен труд и знаење постигнале успех.  „Сојузот на стопански комори на Македонија е подготвен и екипиран и ќе продолжи да креира иновативни промени и предлог политики за приватниот сектор, бидејќи е базиран на претприемништво и иновации, на луѓе кои со храброст инвестирале во себе, без помош од државата, без приватизирање државен капитал, единствено со личен труд и средства. Претприемачите е неопходно да ја водат државата напред со конкретни мерки и идеи, луѓе кои знаат чесно и со труд да направат многу за сите, не само за себе “ додаде Арсовска. Заев истакна дека со Сојузот на стопански комори состаноците биле секогаш квалитетни и информира дека е даден одговор на 78 економските мерки на ССК, со напомена дека 29 се веќе решени прашања, голем дел се започнати да се решаваат, а 13 се во надлежност на општини и останати институции и веќе се адресирани. „Сојузот на стопански комори е една од најзначајните комори во земјава и нивните идеи сакаме да ги вградиме во нашите политички програми. Научивме многу од соработката со ССК и подготвени сме да ги слушнеме сите идеи, да ги добиеме и писмено како би можеле да ги преточиме и да ги препознаете во програмите“, рече Заев на денешната средба со деловната заедница
Më tepër ...

МФ потврди засега се дозволува системски неконтролирана  е – трговија

МФ потврди засега се дозволува системски неконтролирана е – трговија 16-01-2020


Комората на сметководители на Македонија во врска со реакцијата на Министерството за финансии испратена по одржаната прес конференција смета дека: Во однос на забелешката за зголемувањето на ослободувањето на пратките од плаќање царина до 90 евра, сметаме дека не е исполнет основниот предуслов за системско решение со кое ќе се утврди каде оди робата што се увезува со електронска трговија без царина. Додека се чека воспоставување на таков систем, оштетени од оваа новина ќе бидат малите трговци и увозници кои плаќаат данок и царина, што беше истакнато и на прес конференцијата. Препораката на ЕУ се однесува на увоз за лична употреба, со што мора да се достави директно до познат краен корисник, а кај нас како што наводовме нема систем каде оди робата. Дополнително, едно е тоа што граѓаните си носат од патување во износ до 350 евра и се знае кој го пренесува и таа сума е за предмети за лична употреба што е регулирано со акт и за 350 евра, доколку се обиде некој да помине низ граница за продажба или комерцијална употреба, а не лична повторно е должен со позитивните прописи да плати царина. Тоа со новите измени за електронски пратки не е случај и се стимулира уништување на трговците и увозниците што плаќаат царина, со дозволување на системски неконтролирана  е – трговија од странски земји.  Како што наведоа и МФ во нивната реакција систем се уште нема, туку се работи на негово поставување. Цитат од реакцијата на МФ: „За тврдењата дека ќе се препродаваат производи - секако дека имаме конкретни мерки а се работи и на акциски план со кои се и ќе се адресираат сивата економија и нелојалната конкуренција, како и конкретни мерки за сивата економија во е-трговија, за што е формирана и работна група и имаше организирано јавна дискусија на која присуствуваа и коморите“. Тогаш требаше и овие законски измени да се донесат со одложена примемена додека се воспостави тој систем, а не да се оштетат илјадници лица кои работат и плаќаат царини при увоз.  Врска измените на образецот Даночен Биланс тие стапија на сила по нивното објавување во Службен Весник број 6 од 10.1.2020 година или поточно годинава кога веќе е започнато поднесувањето на завршните сметки за 2019 година. Ретроактивно да се носи акт даночна евиденција и известување за година која е измината е невидено и директно ја загрозува правната сигурност во Македонија.  Промените во Законите за даночната легислатива генерално повлекуваат потреба од промена на даночните обрасци, НО овие промени во обрасците, правилниците и остнатите поврзани подзаконски акти мора да се носат паралелно и истовремено со самите законски измени и да се остави период од најмалку 6 месеци до нивна ефективна имплементација во праксата така што компаниите ќе имаат доволно долг период да се прилагодат напромените а сметководителите и советниците доволно време да ги проучат импликациите на промените врз нивното работење. За појаснување, завршните сметки се поднесуваат од 1 јануари до 15 март во тековната за претходната година, што може да предизвика дополнителни проблеми кај даночните обврзници, бидејќи брзите промени на даночното законодавство можат да иницираат ненамерни грешки кај даночните обврзници кои потоа скапо ќе ги чинат и ќе плаќаат глоби поради ова загрозување на правната сигурност. Како и за многу други мерки и за овие штетноста од нивното воведување ќе ја почувствуваат компаниите, а направената штета ќе треба некој со одговорност да ја надомести.
Më tepër ...

Прегледај ги сите Настани

Идни настани

Календар на саемски манифестации во Босна и Херцеговина за 2020 година

Календар на саемски манифестации во Босна и Херцеговина за 2020 година 23-01-2020


Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Министерство на надворешни работи Ве информира за можноста за учество на саеми во Босна и Херцеговина кои ќе се одржат во 2020 година. Целосниот календар на саемски манифестации можете да го погледнете на следниот ЛИНК. За сите дополнителни информации, Ве молиме контактирајте не на телефон 02 3091 440 или на е-маил: info@chamber.mk. Со почит, Сојуз на стопански комори на Македонија
Më tepër ...

Саем за предива - ISTANBUL YARN FAIR

Саем за предива - ISTANBUL YARN FAIR 16-01-2020


Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со АДОНИС Груп Ве информира за можноста за посета на 17-ти Интернационален Саем за предива - ISTANBUL YARN FAIR кој ќе се одржи од 27.02-29.02.2020 година во Истанбул. Саемот Ви овозможува поврзување,а со тоа и развивање на вашата дејност со реномирани турски компании како и размена на искуства и нови приоди во сверата на предивата и текстилот. На саемот посетителите ќе имаат можност да видат: Памучни предива природни предива волна вискоза акрилни предива полиестер најлон предива лен и др. Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. АДОНИС ГРУП организира ,сместување во реномиран хотел со 4 или 5 звезди од две ноќевања со доручек. Ваши се патните трошоци. Правиме резервации на авионски билети! Не е дозволена посета на малолетни деца и лица што не се вработени во Компанијата. Во прилог ви праќаме пријавен лист за посета на саемот и истиот треба да се испрати на adonis@adonis.com.mk. За повеќе информации за ISTANBUL YARN FAIR посетете ја веб страната http://iplikfuari.com/en/ Сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 13.02.2020 година. За сите дополнителни информации, Ве молиме контактирајте не на телефон 02 3091 440 или на е-маил: info@chamber.mk.
Më tepër ...

Меѓународен Саем за трговија и услуги во Кина

Меѓународен Саем за трговија и услуги во Кина 10-01-2020


Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) Ве поканува за учество на Меѓународниот Саем за трговија на услуги кој оваа година ќе се одржи од 25.05-01.06.2020 година во Кина  и претставува уникатна можност за поврзување на компаниите на глобално ниво. На саемот покрај можноста да бидете изложувачи или посетители има можност и за остварување на директни средби со повеќе од 10.000 изложувачи и над милион посетители. Фокус на саемот ќе бидат секторите: индустрија и технологија, финансискис услуги, здравство, електронска трговија, култура итн. На следниот ЛИНК може да ја погледнете листата на изложувачи. Подетални информации за саемот може да погледнете во брошурата која Ви ја доставуваме на следниот ЛИНК. Ве молиме Вашето учество да ни го пријавите во најбрз можен рок на е-маил: info@chamber.mk или на тел: 03/3019 – 440.
Më tepër ...

Прегледај ги сите публикации

Dhomat e Tregtisë të Maqedonisë

Dhomat e Tregtisë të Maqedonisë është shoqata më e madhe e biznesit të pavarur në Maqedoni. Themeluar si një organizatë jo-fitimprurëse MCC promovon dhe përfaqëson interesat e biznesit të mijëra të kompanive anëtare dhe lidh ato me më shumë se 1.000 institucione dhe organizata vendore, rajonale dhe ndërkombëtare.

Dhomat e Tregtisë të Maqedonisë ofron qasje në informacion, bazat e të dhënave, edukimit të sipërmarrjes, këshilla ligjore, ndihmon në gjetjen e partnerëve të biznesit, informon të tenderëve kombëtare dhe ndërkombëtare, jep informacion mbi panairet, jep informacion në lidhje me financimin.

Duke vepruar nëpërmjet odave rajonale dhe sektoriale e tregtisë, kompanitë të ndikojë në ndryshimin e rregullave, kontaktet dhomës sigurojë komunikim të rregullt me ​​institucionet qeveritare, është një rekomandim i mirë në aktivitetet e prokurimit publik në vend ose ndërkombëtar. MCC është i njohur me kushtet për bashkëpunim dhe të biznesit në të gjitha tregjet e huaja dhe është një pjesë e një rrjeti të madh të shoqatave dhe institucioneve në mbarë botën.

Dhomat e Tregtisë të Maqedonisë është një institucion që përfaqëson interesat e të gjitha subjektet ekonomike të anëtarëve të dhomës. Përveç kësaj kompanitë e mëdha, dhe duke pasur parasysh faktin se NVM-të janë forca lëvizëse e çdo ekonomie dhe zhvillimin e tyre në afat të gjatë, të çojë në forcimin e ekonomisë në përgjithësi, një angazhimet e qarta të MCC është që të kontribuojë në zhvillimin dhe mbështetjen e ndërmarrjeve të vogla dhe ndërmarrjet e mesme. Zhvillimi i NVM-ve dhe sipërmarrjes marrë afirmimin e saj e ekonomisë së Maqedonisë, jo vetëm si një mjet për nxitjen dhe promovimin e frymën sipërmarrëse, por edhe për të rritur ndërgjegjësimin ndaj nevojën qëndrueshme për ndryshimet dhe reformat në sferën ekonomike, si një nga kryesore prioritetet e MCC.

 


Сподели