„Бизнис клима за ИКТ индустријата – Како да се стимулира растот на работната сила во ИКТ?”

Rregullativa afariste | 16-09-2019

 Форумот на тема „Бизнис клима за ИКТ индустријата – Како да се стимулира растот на работната сила во ИКТ?”, ќе се одржи во понеделник, 16.09.2019, во 11:00 часот, во хотел Кеопс, Битола.

 

На настанот ќе бидат покриени следните теми: Фискални давачки: социјални придонеси и даноци поврзани со работната сила во ИКТ компаниите; можностите и потенцијалите од проширување на палетата на трошоци кои се даночно признати а се однесуваат за подобрување на условите за работа, благосостојбата и вештините на вработените; воспоставување на рамки во кои би се движеле максималните основици за пресметка на придонеси кај работните места за кои домашните работодавачи не се доволно атрактивни; Регулатива за работни односи: Либерализација на Законот за работните односи со цел воведување на функционална легислатива која ќе соодветствува со потребите на ИКТ секторот; Образование: даночни поволности за инвестиции во образование, даночни олеснувања за донации во образование, унапредување на високото образование од техничките науки (во насока на раширување на квотите за уписи на технички факултети, раширувањето на академскиот кадар) и соодветно препознавање и поддршка на неформалните образовни установи кои генерираат ИКТ кадри.
 

Целта на форумот е да се дискутира за предлог иницијативи и предлози за унапредување на правната регулатива кои би придонеле до создавање на подобра бизнис клима за ИКТ индустријата. По настанот, проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива, поддржан од УСАИД, ќе ги сублимира предлозите добиени од бизнис заедницата и ќе ги достави до надлежните институции.
 

Присуството на настанот е бесплатно.

 

Вашето присуство потврдете го на следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/18XbhiJPqp8PY9t6xqBx0PPJpIZDiKLWSnVru0AZrZwM/edit
 

Настанот се одржува во рамки на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива, кој е спроведуван од страна на Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија и ЕПИ Центар интернационал.


Сподели


Paraqitu