МАСИТ заедно со КБ Прво пензиско друштво организира информативна средба

МАСИТ заедно со КБ Прво пензиско друштво организира информативна средба
Rregullativa afariste | 13-09-2019

Во насока на постојано инвестирање во вработените, МАСИТ заедно со КБ Прво пензиско друштво организира информативна средба која ќе се одржи на 13.09.2019 година со почеток во 13:00 часот во хотел Мериот на тема: Како до посреќни вработени во ИКТ компаниите?

На настанот ќе бидат презентирани придобивките од уплатите во доброволен пензиски фонд со конкретни пресметки на финансиските бенефити за вработените како и ослободувањата од даноци и придонеси за работодавачите.

Инструмент кој значи штедење, вложување за иднината и одличен модел за наградување на вработените.

Како комплементарна тема, од страна на експерт на КБ Прво пензиско друштво ќе бидат дадени препораки за тоа каде вработените во ИКТ секторот можат да прават дополнителни вложувања, штедења и инвестирања. Во прилог ви ја доставувам агендата за настанот.

Присуството на настанот е бесплатно со задолжителна регистрација на следната Google форма.

Ве молиме имајте во предвид дека бројот на присутни е ограничен.


Сподели


Paraqitu