Информативен настан на тема: „Законските прописи како можност и предизвик за формирање на Старт ап компанија” - Битола

Информативен настан на тема: „Законските прописи како можност и предизвик за формирање на Старт ап компанија” - Битола
Rregullativa afariste | 03-07-2019
На ден 03.07.2019 во 11:00 Ве поканувам на настан на тема „Законските прописи како можност и предизвик за формирање на Старт ап компанија”, во просториите на Факултетот за информатички и комуникациски технологии при Универзитет ,,Св. Климент Охридски", во Битола (ул. Студентска ББ, во училница број 2).

На настанот ќе бидат покриени следните теми: старт ап еко систем, законска рамка која се однесува на старт ап заедницата и можности за нејзино подобрување, искуства при лансирање на старт ап акцелераторот, проширување на старт ап компаниите на домашни и странски пазари, споредба со регулативата во другите земји, предизвиците на стартапите во развојниот животен циклус, а ќе биде направена и споредба помеѓу домашен и странски претприемач.

Целта на настанот е да ја доближи правната регулатива до компаниите, а компаниите ќе имаат можност преку дискусија да ги изразат своите проблеми и предлози за подобрување на регулативата. По настанот, проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива ќе ги сублимира предлозите добиени од бизнис заедницата и ќе ги достави до надлежните институции.

Настанот се одржува во рамки на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива, кој е спроведуван од страна на Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија и ЕПИ Центар интернационал.

Вашето присуство потврдете го на следниот линк, најдоцна до вторник, 02.07.2019. Присуството на настанот е бесплатно.

Поканата и агендата се достапни на следниот линк.


Сподели


Paraqitu