PANTHEON Kонференцијата на тема Дигитализација 2019

Rregullativa afariste | 14-05-2019

МАСИТ и Даталаб се партнери во организација на PANTHEON Kонференцијата на тема Дигитализација 2019, која ќе се одржи на 14 Мај 2019 година, со почеток во 10:00 часот, во хотел Мериот, Скопје.
 
Конференцијата има за намера да ги истакне актуелните иновации во областа на законодавството, претприемништвото и економијата, како и иновациите кои се носители на дигитализацијата практично применети во PANTHEON. На настанот ќе гостуваат реномирани експерти од областа, со желба да се стимулираат иницијативи и конкретни чекори на напредок во компаниите кои користат ЕРП решениа со посебен таргет на компаниите кои го користат нашиот производ во текот на предавањата и разни интересни дискусии.
 
Повеќе детали за конференцијата можете да најдете на следниот линк, како и контакт формата каде можете да го пријавите вашето учевство како гости https://www.datalab.com.mk/pantheon-konferencija-2019/. 
 
Доколку сте заинтересирани да бидете дел од овој настан со вашата компанија и сакате да ја претставите вашата успешна приказна, во прилог погледнете ги нашите пакети https://www.datalab.com.mk/pantheon-konferencija-2019/stanete-sponzorski-pokrovitel-na-pantheon-konferencija/.
 
За било какви дополнителни информации Ви стоиме на располагање (контакт лице: Марија Николовска 02/ 3079 231, marijan@datalab.com.mk). 
 
Ќе ни претставува особена чест и задоволство доколку го потврдите вашето присуство на конференцијата.


Сподели


Paraqitu