Работилница на една од најактуелните даночни теми - ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

Rregullativa afariste | 22-04-2019

МАСИТ има задоволство да ве покани на работилница на една од најактуелните даночни теми -  ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ, која ќе се одржи во понеделник, 22.04.2019, од 10:00 до 13:00 часот во просториите на КПМГ (Соравиа Бизнис Центар, 7-ми кат).

Работилницата ќе биде предводена од даночни експерти од КПМГ кои имаат долгогодишно искуство во областа на трансферните цени.

Главниот фокус на работилницата ќе биде на запознавање со новите законски измени во врска со правилата за трансферни цени во земјата со посебен осврт на законската обврска за поднесување на Извештај за трансферни цени до Управата за Јавни Приходи и формата и содржината на таквата документација.

Ќе дознаете што овие правила значат за вашата компанија, кои се законските обврски и кои се очекувањата за практичната примена и проверка од страна на даночните власти. Ќе можете да поставувате конкретни прашања кои се од интерес на вашата компанија.

Темите кои ќе бидат опфатени во рамки на работилницата се следните:

·        Измени во законот за данокот на добивка од аспект на трансферни цени,

·        Правилник за формата и содржината на извештајот за трансферни цени, видовите методи за утврдување на цената на трансакцијата во согласност со принципот ,,дофат на рака” и начинот на нивна примена

o   Извештај за трансферни цени (Ниво на група и ниво на даночен обврзник)

o   Методи за трансферни цени

·        Осврт на досегашното искуство, очекувања и дискусија

Учеството на работилницата е бесплатно за членките на МАСИТ за максимум 2ца претставници по компанија, со задолжително пријавување на следниот линк  https://forms.gle/BYAzcVDh2wRpTmNcA .

За компаниите кои не се членки на МАСИТ цената за учество изнесува 1500 денари + 18% ДДВ по учесник.

Заради ограничениот број на учесници ќе биде користен принципот прв дојден – прв услужен.

Доколку имате дополнителни коментари или прашања, слободно контактирајте нè.

 


Сподели


Paraqitu