Меѓународни деловни средби - „MEET4BUSINESS AGRA 2018“

Меѓународни деловни средби - „MEET4BUSINESS AGRA 2018“
Rregullativa afariste | 20-08-2018

  Меѓународни деловни средби

„MEET4BUSINESS AGRA 2018“ 
http://meet4businessagra2018.talkb2b.net/

28 август 2018 година
Горна Радгона, Р. Словенија

 

Почитувани,

     Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и Мариборската агенција за развој – партнер на  ЕЕН, Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да земете учество на Меѓународните деловни средби, што ќе се одржат во рамките на претстојното 56-то издание на Саемот за храна и земјоделство „АГРА“. Овогодинешниот саем ќе се одржи во периодот од 25-30 август 2018 година, во Горна Радгона, Република Словенија.

     Саемот „АГРА“ претставува еден од најголемите и најзначајните меѓународни саеми од областа на земјоделството во Централна Европа, којшто со својата 50-годишна традиција, успеа  од постарите на помладите генерации да ја пренесе и модернизира агроиндустријата. На овогодинешниот саем предвидено е да учествуваат над 1800 излагачи од повеќе од 30 земји од светот.

     На овогодинешното издание, Република Македонија како земја-партнер, ќе биде во центарот на вниманието со национален изложбен простор на којшто ќе бидат претставени македонската храна, вино, природни убавини, богатото историско и културно наследство и др. Македонската делегација ќе биде предводена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, г-дин Љупчо Николовски.

     Меѓународните деловни средби коишто ќе се одржат на 28 август 2018 година,  преку претходно закажани 25-минутни состаноци, имаат за цел да иницираат нови бизнис соработки и размена на технолошки знаења и искуства.

 Бизнис средбите се наменети за компании од следните сектори: 
- прехрана;
- земјоделство;

- пакување;
- техники и машини за пакување; 
- логистика и 
- шумарство
.

     Учеството на Меѓународните деловни средби е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Настанот ќе се организира во форма на однапред закажани состаноци во комбинација со посета на Саемот.

     Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, како и да можете  да ги видите сите фирми кои се пријавени досега, програмата и сите останати релевантни информации во врска со настанот, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: http://meet4businessagra2018.talkb2b.net/ , најдоцна до 20 август 2018 година.

     Успешното потврдување на деловните средби (директни средби/состаноци) со компаниите е предуслов за учество на овој настан.

     За дополнителни информации во врска со настанот, обратете се до лицата за контакт:
- Васко Ристовски, тел: 02 3244 014, е-адреса: vasko@mchamber.mk
- м-р Сања Николова, тел: 02 3244 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk .


Сподели


Paraqitu