Законските измени како резултат на т.н. даночна реформа се донесоа и влегоа во сила од 1 јануари 2019 година. Од нивната примена изминаа неколку месеци и веќе можеме да ги коментираме првите резултати. Од веб страната на министерството за финансии може да ги симнеме податоците за приходите во првиот квартал од 2019 година прикажани во следните табели.
Даночни приходи по видови (во милиони денари)
Персонален данок на доход |
2017 Q1 |
3,492 |
2018 Q1 |
3,617 |
2019 Q1 |
4,053 |
Плати и други лични примања |
2,282 |
65% |
2,434 |
67% |
2,599 |
64% |
Приходи по основ на договор за дело |
227 |
6% |
245 |
7% |
254 |
6% |
Приходи од земјоделство и шумарство |
35 |
1% |
77 |
2% |
115 |
3% |
Приходи од самостојна дејност |
65 |
2% |
76 |
2% |
101 |
2% |
Приходи од имот и имотни права |
142 |
4% |
157 |
4% |
221 |
5% |
Авторски и права од индустриска сопственост |
51 |
1% |
50 |
1% |
52 |
1% |
Приходи од капитал |
243 |
7% |
252 |
7% |
200 |
5% |
Приходи од капитални добивки |
24 |
1% |
9 |
0% |
8 |
0% |
Приходи од игри на среќа/наградни игри |
277 |
8% |
227 |
6% |
373 |
9% |
Годишно решение на УЈП |
44 |
1% |
21 |
1% |
23 |
1% |
Приходи по други основи |
102 |
3% |
68 |
2% |
109 |
3% |
Вкупно |
3,492 |
3,617 |
4,053 |
Данок на добивка |
2017 Q1 |
2018 Q1 |
2019 Q1 |
Месечни аконтации |
1,670 |
1,764 |
1,998 |
Даночни биланси |
1,284 |
1,261 |
1,191 |
Дивиденда и друга распределба |
55 |
31 |
59 |
Задржан данок платен на странски правни лица |
106 |
76 |
81 |
Други приходи |
43 |
47 |
102 |
Вкупно |
3,158 |
3,179 |
3,431 |
Од податоците за приливите по основ на приходите од персоналниот данок на доход и данокот на добивка за првиот квартал од годината може да се види дека ефектот е минимален или тотално незначителен. Барем во првиот квартал од годината, а за до крајот на оваа година ќе ги видиме податоците дополнително. И сега се поставува прашањето каква е таа даночна реформа чии резултати се минималистички? Не дека ваквите ефекти не беа очекувани ама тврдоглавоста и самоувереноста на законодавецот беше енормна. Ги отфрли сите аргументи и барања на бизнис заедницата манифестирани преку стопанските комори. И откако сите законски измени се истуркаа спротивно на барањата на бизнис заедницата, промоторот на ваквата даночна политика си даде оставка. Или му рекоа да си даде оставка. Небитно, затоа што зад него ќе остане штетата што ја направи. А, барањата на бизнис заедницата не беа да не се зголемуваат даночните стапки, туку истото да се одложи за некој период.
Значи бизнис заедницата не беше против зголемување на даночните стапки, но да се има во предвид кој е ефектот од таквото зголемување, кои цели ќе се постигнат, благовремено најавување итн. Од страна на законодавецот се промовираше тезата дека побогатите треба да плаќаат повеќе и дека нееднаквоста кај населението треба да се намали. Гледајќи ги првичните ефекти, (а не дека и претходно не можеше да се види кој ќе биде ефектот по буџетските приходи) не е јасно како некој сериозен креатор на политики планира да ја намали нееднаквоста со вакви минимални ефекти од промените во регулативата. Ако си сериозен во намерите за ова прашање тогаш ти требаат многу поголеми приходи од овие прикажаните во табелите. Се чини дека повеќе беше битно да се постигне некоја теоретска или номинална позиција дека прогресивното оданочување е подобро отколку пропорционалното, но како да се немаше чувство што тоа ќе значи во практика.
А, во практиката нема место за теории туку за конкретни работи. Конкретно се зголеми данокот на доход од труд што директно влијае негативно на мотивацијата токму кај оние категории на лица кои заработуваат од труд, тука пред се најпогодени се претставниците од информатичката стопанска гранка како една од перспективните гранки во Македонија. Се зголемија и стапките по однос на приходи од договорите за дело, авторските договори, имот и имотни права, приходите од капитал. Притоа не се водеше сметка за креирање на рамнотежа кај стапките. На пример, ако повисоката стапка на прогресија кај доходот од труд е 18%, тогаш и кај доходот од капитал треба да биде 18%, затоа што остава простор за даночните обврзници наместо преку плата да го исплатуваат делот од доходот преку дивиденди што е очигледно поевтина варијанта затоа што стапката за дивиденди е 15%.
Она што е многу поголема штета се однесува во делот на бихејвиоралниот аспект кај даночните обврзници односно на тоа како зголемување на даночните стапки ќе влијае на сивата економија. Сметам дека дел од ваквите ефекти гледано од приходите во првиот квартал е директен резултат на сивата економија или со други зборови даночните обврзници ќе најдат начин да го заобиколат зголеменото даночно оптоварување. Исто така, тука е и штетата по однос на менување на веќе воспоставената даночна терминологија која некој се дрзнал да ја менува веројатно како резултат на маскирање на недостатокот на потребното ниво на знаење и искуство за да прави законски измени.
Сепак, креирањето на квалитетни законски решенија не треба да зависат од нечии субјективни гледишта на некој кој на „проаѓање“ му е дадено правото да креира дадена даночна политика, туку истото треба да е резултат на многу повеќе знаење и професионализам. Светот станува место не само на трговски војни преку царинските политики, туку и место каде што се водат даночни војни. Земјите се борат да остварат поголеми даночни приходи од меѓународните трансакции. За жал, кај нас се уште се размислува во тесни рамки и затоа резултатот е овој што го имаме односно зголемени стапки на данокот од доход. На крајот сакам да потенцирам дека зголемени приходи може да се остварат и без да се зголемуваат даночните стапки и тоа со поголеми ефекти од овие што ги гледаме во првиот квартал од годината. Останува да видиме како понатаму ќе се развива даночната политика во Македонија. Засега резултатот е минимален.
Автор: Борче Смилевски, Експерт од областа на даночна политика
Содржината на овој текст не ги одразува ставовите на УСАИД, Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Сојуз на стопански комори на Македонија и ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал. Содржината на текстот е од информативен и едукативен карактер и не претставува замена на правна помош.