Листа за проверка согласно Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност

Листата за проверка е изработена согласно Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност (Службен Весник на РМ број 199/2014, 147/15). Листата за проверка е ажурирана заклучно со 27.12.2019 година. Листата за проверка е официјална според Државен инспекторат за труд, а е дополнета во делот на прекршочни одредби.


Madhësia e kompanisë

Sektori


Rajoni i planifikimit

Anëtar i Odës


Дали лицето врши одредена дејност и има правен субјективитет (правна и деловна способност да биде носител на права и обврски) кој се стекнува со запишување во соодветен регистер утврден со закон ? Образложение: Вршењето на дејноста е условено (согласно со закон) со регистрирање во соодветен јавен регистар врз основа на соодветни критериуми. пр: платен промет, трговски регистар и сл.


Дали физичко лице врши дејност која е условена со запишување во соодветен регистер утврден со закон ? (за физички лица регистрирани и нерегистрирани на вршители на дејност) Образложение: Вршењето на дејноста е условено (согласно со закон) со регистрирање во соодветен јавен регистар врз основа на соодветни критериуми.


Дали дејноста што ја обавува правното лице е запишана во посебните регистри утврдени со закон или регистрирана кај надлежен орган, освен трговскиот регистар?


Дали правното лице ги поседува пропишаните лиценци, дозволи или договори за одреден вид на работа што ја издава надлежен орган или инстритуција?


Дали дејноста што ја обавува физичкото лице е регистрирана кај надлежен орган?


Дали физичкото лице ги поседува пропишаните лиценци, дозволи и договори за одреден вид на работа што ја издава надлежен орган или инстритуција?


Дали правното или физичкото лице врши дејност спротивно на забраната на вршење дејност изречена од надлежен орган?


Дали лицето врши активности кои што се потребни за извршување на дејноста која е запишана во трговскиот или друг со закон предвиден регистар или вообичаено се извршуваат заедно со регистрираната дејност? (исклучок од нерегистрирана дејност)


Дали лицето повремено врши активност за која со посебен закон е исклучена обврската за регистрација на дејноста кај надлежен орган. (исклучок од нерегистрирана дејност)


Дали лицето врши нерегистрирана дејност за следните активности: работа за сопствени потреби, семејна помош, соседска помош, продажба на лични користени предмети, работа која се врши без финансиски надоместок или друга имотна корист и ако работата не се извршува редовно? (исклучок од нерегистрирана дејност)


Дали физичкото лицето врши дејноста преку продажни места на организирани зелени пазари, кои се запишани во регистарот на Управата за јавни приходи и се оданочуваат паушално за дејноста што ја вршат? (исклучок од нерегистрирана дејност)


Дали дејноста се однесува на работа за спречување на несреќи или отстранување на последици од природни и други несреќи? (исклучок од нерегистрирана дејност)


Дали дејноста се однесува на услуга во домаќинството? (исклучок од нерегистрирана дејност)


Дали дејноста се однесува на вршење на работи кои се надвор од дејност на работодавачот, а кои имаат за предмет самостојна изработка или поправка на определени предмети, самостојно извршување на определена физичка или интелектуална работа, а за кои работодавачот склучува договор со определено лице? (исклучок од нерегистрирана дејност)


Дали правното или физичкото лице овозможува вршење на нерегистрирана дејност?


Дали физичко или правно лице нарачува или посредува во вршење на нерегистрирана дејност, а знаело или можело да знае дека станува збор за вршење на нерегистрирана дејност?


Дали нарачателот на огласот ги дал податоци за идентификација на субјектот кој го врши огласувањето и тоа: тековна состојба од Централен регистар за регистрација на соодветната дејност или документ за регистрирана дејност, односно доказ за упис во соодветен регистар на дејност за физички лица? (обврска за субјектот кој го врши огласувањето во случај да не се работи за продажба на лични користени предмети од страна на физички лица)


Дали субјектот кој го врши огласувањето ги чува податоците за идентификација на нарачателот на огласот, во рок од една година од објавување на огласот и дали ги доставува до надзорниот орган на негово барање? (обврска за субјектот кој го врши огласувањето во случај да не се работи за продажба на лични користени предмети од страна на физички лица)