Закон за семе и саден материјал од земјоделски растенија - Трговци

 


Madhësia e kompanisë

Sektori


Rajoni i planifikimit

Anëtar i Odës


Дали сте запишани во регистерот на снабдувачи на семенски/саден материјал?


Дали сте запишани во регистерот на снабдувачи на семенски/саден материјал од автохтони сорти?


Дали имате направено промена на условите за упис на снабдувачи на семенски/саден материјал?


Дали ја имате известено Управата за семе и саден материјал за настанатите промени на условите според кои сте запишани во регистерот на снабдувачи на семе/саден материјал?


Дали семенскиот/садниот материјал е соодветно складиран, пред да биде пуштен во трговија?


Дали семенскиот/садниот материјал ги исполнува условите за ГМО, доколку истиот е ГМО?


Дали семенскиот/садниот материјал е означен на етикетата, доколку е третиран со производ за заштита на растенијата?


Дали семенскиот/садниот материјал ги исполнува условите за квалитет?


Дали семенскиот/садниот материјал со кој се тргува е сертифициран, соодветно спакуван и етикетиран?


Дали сортата од семенски/саден материјал со која се тргува е запишана во Националната сортна листа, или Европскиот заеднички каталог на сорти, или врз основ на прописите за еквивалентност на ЕУ е одобрен за трговија (со исклучок на семенски и саден материјал од овошни растенија, украсни растенија и семе од треви кои не се наменети за семенска мешавина)?


Дали имате одобрение, доколку вршите трговија со сорта која е во постапка на запишување во Националната сортна листа?


Дали вршите времена трговија со семенски/саден материјал согласно член 11 од Законот за семенски и саден материјал?


Дали ги исполнувате условите доколку вршите трговија со семенска мешавина од сорти или видови?


Дали водите евиденција за семенската мешавина, доколку тргувате со семенска мешавина?


Дали вршите трговија на мали количини кои не ги исполнуваат условите, а се наменети за научни цели, селекција, официјално испитување и инспекциски надзор?


Дали го имате истакнато телефонскиот број на ДИЗ на видно место?


Дали поседувате Сертификат за рано движење на семето, доколку располагате со семенски материјал за кој не е завршен процесот на испитување на квалитет на семето?


Дали сертифицираниот семенски/саден материјал е обележан со официјални етикети?


Дали имате ставено свои етикети, доколку тргувате со видови растенија за кои не е потребна официјална сертификација?


Дали имате поднесено претходно барање до Управата за семе и саден материјал, за преиспитување на семенски/саден материјал?


Дали ја имате известено Управата за семе и саден материјал за количините на произведено, продадено и количество на залиха семенски/саден материјал?


Дали семенскиот/садниот материјал кој се увезува има за цел складирање во ген банка, научни цели, селекција, опити или е во оригинално мало пакување за сопствени цели?


Дали ја имате известено Управата за семе и саден материјал за количините на увезено, продадено и количество на залиха семенски/саден материјал?