Бектеши: Разговараме за ново законско решение за зелените пазари

Бектеши: Разговараме за ново законско решение за зелените пазари
БизнисРегулатива | 22.10.2019

Зелените пазари ќе бидат регулирани со нов закон, а со тоа и самите пазарџии кои според последните изјави на министерот за економија Крешник Бектеши ќе треба да вадат лиценци. Законот по барањето на здруженијата и стопанските комори беше одложено за една година, но и тој рок се наближува до крајот на годината, па потребно е да се изработи ново законско решение кое ќе ги задоволи потребите на сите засегнати страни. 

 

– Тоа нема да опстои како решение предложено пред една година. Во меѓувреме разговараме со сите засегнати страни за да најдеме решение, изјави Бектеши, додавајќи дека остануваат на предлогот пазарџиите да поседуваат лиценца за работа.

 

Пазарџиите согласно постојното законско решение од јануари треба да поседуваат лиценца за работа која ја обезбедуваат едно здружение, а со новото, како што се најавува, лиценците ќе ги издаваат сите стопански комори.


Сподели