Што претставуваат Позициони документи?

Препознавајќи ги потребите на бизнис заедницата, создавањето на позициските документи е начин и алатка на анализирање на постојните проблеми кои се јавуваат при имплементација на закони од сите сектори опфатени од бизнис заедницата. Со идентификување на проблемите кои им создаваат потешкотии во работењето на претставниците на бизнис заедницата, коморите работат на нивно преточување во позициски документи, кои се доставуваат до надлежните државни институции, со кои се поставуваат темелите за идно менување на законската регулатива, во насока на подобрување на истата. Позициските документи кои се обработени од страна на работната група која се состои од претставници од Стопанските комори, партнери во проектот, се достапни подолу. Доколку имате Ваш предлог за изработка на на позициски документ во одредена тема, ве молиме користете ја формата подолу за да го поднесете предлогот.

Филтер на документи
Најнови јавно објавени позициони документи
Позиционен документ Надлежен орган - (институции до кои документот е доставен) Датум на доставување Статус Одговор на надлежен орган

Унапредување на системот на управување со посебните токови на отпад со колективни постапувачи и вклучување на посебните токови на отпадкои може да се користат како суровина со што ќе се подобри бизнис климата и животната средина

Непостоењето на колективни постапувачи за управување со посебните токови на отпад кои може да се ре употребат, доведуваат до неопходноста од депонирање на овие токови (големи трошоци при депонирање во јавното комунално претпријатие), што директно негативно се одразува на работењето на компаниите и конкурентноста во однос на други фирми. Треба да се поттикне рециклирањето на посебните токови на отпад: текстил,  дрво, гуми, градежен шут, тонери и друг вид на отпад, со што ќе се заштедат ресурси за повторно производство на овие производи, ќе се намали притисокот на постојните депонии, ќе се лимитира заземање на нови површини, ќе се заштити животната средина и ќе се намалат количините на отпад кој ќе се носи на депонија.

Се предлагаат следните законски измени:

1. Бришење на дефиниција "мал производител " во Законот за отпад

2. Поконкретни обврски за Градоначалниците по законските прописи за управување со отпад, отпад од пакување, отпад од електрична и електронска опрема и отпад од батерии и акумулатори;

3. Попрецизно дефинирање како колективните постапувачи за отпад од пакување да ги трошат парите како процент од приходите

- мин . за инфраструктура

- мин. за собирање и транспорт

- мин. за подигање јавна свест

4. Зголемување на потребниот процент за регистрирање колективен постапувач (од 5% на 10%) и бришење на сите понатамошни барања/ограничувања за пазарен удел

5. Посериозна и објективна годишна евалуација на работата на колективните постапувачи.

6. Внесување на дополнителни токови на отпад во системот (отпадно дрво, тонери, гуми, текстил, градежен шут и др.) за кои има заинтересирани компании кои би се регистрирале и за оваа дејност.

Министерство за животна средина и просторно планир


 Министерство за животна средина и просторно планирање

15.07.2019

Се разгледува

Нема одговор

Немање на стимулативни мерки за формализација на работата за потребите на домаќинството и немање механизми за формализација на сезонските работници во земјоделието

 Постојат области во македонската економијата каде што неформалноста е многу голема, како што се сезонските работници во земјоделието и работата за потребите во домаќинствата (чистење, градинарство, услуги за одржување, приватни образовни часови, грижа за деца и возрасни лица, реновирање,  доградба на домовите,  итн.). Развојот на компаниите кои би го подигнале квалитетот на услугите и би поставиле стандарди во давањето на услугите во овие области е скоро невозможно, поради големото влијание на неформалноста врз цените на услугите. Тешко е овие сектори да се формализираат без стимулативни иницијативи, па затоа се предлага воведување на Ваучер систем за сезонските земјоделски работници и услугите за потребите на домаќинството.

Предлогот е да се воведе Ваучер систем за стимулирање на формализација на економските активности и со воведувањето на ваучер системот се очекува да се формализираат овие области, што ќе доведе до развој на нови бизниси или проширување на постојните бизниси.

Министерство за труд и социјална политика


 Доставено до Министерство за труд и социјална политика и Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство

15.07.2019

Се разгледува

Нема одговор

Измени во Законот за Финансиска поддршка на инвестиции

На инфо-сесијата на 08.04.2019 година компаниите кои се добитници на поддршка од претходната година по основ на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, како и компаниите заинтересирани за аплицирање за финансиска поддршка согласно предложените измени од страна на Владата ги идентификуваа недостатоците на законското решение на измените предложени од Владата, како и можностите за негово подобрување, со цел поголем опфат на компании и поддршка за повеќе сегменти во работењето, конкуретноста и ефикасноста.

  Врз основа на идентификуваните проблеми и посочените забелешки од страна на компаниите на одржаната инфо сесија, предлагаме:

- Целосна инклузија на ИКТ секторот, со конкретизација на член 4, точка 14, која се однесува на инвестициите во нематеријалните средства,

- Барање за објава на податоци за компаниите кои се добитници на финансиска поддршка согласно законското решение

- Бришење на член 10, став 1, алинеја 3, која ги исклучува субјектите кои вршат дејности од областа на ИКТ услуги

- Прецизирање на начинот на мерење и евалуација на поднесените барања за финансиска поддршка, со цел предвидливост

- Промена на член 14, за додавање на можност за финансиска поддршка за доквалификација на постоечки кадри (инвестиција во кадри)

- Различно евалуаирање на висината на инвестицискиот проект. Износот на инвестираната сума, не е ценет подеднакво и во целост, што доведува до несигурност на апликантите при пресметките за очекуваните поврати по однос на инвестиција

- Прецизирање на можностите за поврат на направени трошоци за маркетинг, за освојување на нови пазари

- Признавање на трошоците кои се однесуваат на купување на возила за транспорт на стоки

- Вклученост на коморите во изработка на подзаконските акти.

Министерство за економија


 Влада на РСМ

Министерство за економија

17.04.2019

Делумно Прифатено

Одговор добиен од: Службен весник на Република Северна Македонија на

21.05.2019

98/2019



Одговор добиен од: Службен весник на Република Северна Македонија на

18.06.2019

124/2019



Иницијатива за изменување и дополнување на Закон за данок на добивка и дополнување на ЗДЛД

Нерамноправност во третманот на оданочување на добивката на стопанските комори како непрофитни организации

Измена на член 4а од Законот за данок на добивка и член 12 од Законот за личен доход за промена на третманот на оданочување на добивката на стопанските комори, како непрофитни организации.

Министерство за финансии


Доставено до Министерство за финансии

28.02.2019

Се разгледува

Нема одговор

Донации во образованието како јавна дејност

Со Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности се уредуваат давањето и примањето на донациите и спонзорствата со кои давателот и примателот можат да бараат даночни поттикнувања. Со Законот не е опфатена сферата на образованието, а истото е потребно бидејќи директно ќе влијае на развојот, како и долгорочно ќе претставува стимул за компаниите да вложуваат во иден квалитетен и квалификуван кадар.

Да се интервенира во членот 30 од Закон за данок од добивка, додавајќи нов член, по аналогија на трошоците за донации и спонзорства во спортот, воведувајќи различни категории на образовни институции и соодветен процент на намалување на пресметаниот данок.

 

Министерство за финансии


ставено до Министертство за финансии.

26.12.2018

Се разгледува

Нема одговор

*Позициските документи се обработени од страна на работната група која се состои од претставници од стопанските комори.


Ваш предлог