Одложено плаќање на даноците и субвенции се дел од економските мерки на државите поради корона вирусот

Одложено плаќање на даноците и субвенции се дел од економските мерки на државите поради корона вирусот
БизнисРегулатива | 16.03.2020

Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“ ги претстави дел од фискалните мерки на голем број на држави, за справување со економските последици предизвикани од состојбата со корона вирусот. Најголем дел од мерките се однесуваат на одложено плаќање на даноците и субвенции за скратеното работно време.


Одложено плаќање на данокот на додадена вредност (ДДВ) има во Данска на 30 дена, во Грција на четири месеци, во Италија без одредено време и Шпанија на шест месеци за малите и средните компании.


Во Франција и Грција има одложено плаќање на социјалните придонеси, во Велика Британија е изработен план за одложено плаќање на доноци по индивидуален договор со малите и средни компании.


Во однос на намалување на даноците и секторски мерки кои се преземаат, во Кина на пример, е намален ДДВ за маски и заштитна облека, медицински, кетеринг и услуги за сместување. Во Тајланд, маските за лице се ослободени од ДДВ.


Велика Британија нема да наплаќа данок на компании и данок на имот за компаниите во секторите малопродажба, рекреација и сместување во 2020-2021 година вклучително и хотели, ресторани и кафулиња.


Германија, Велика Британија и Франција ги субвенционираат работниците со намалено работно време.


Македонија сè уште нема донесено економски мерки за намалување на штетите од состојбата со корона вирусот, иако компаниите и бизнис-секторот сè повеќе се гласни во тие барања.

 

 

Извор: meta.mk



Сподели