Во Австралија посебни камери ќе ловат возачи кои се на телефон

Во Австралија посебни камери ќе ловат возачи кои се на телефон
БизнисРегулатива | 02.12.2019

Австралиските власти ќе воведат нови специјални камери со кои ќе може да се детектираат возачите кои додека управуваат со моторното возило користат телефон за повици или допишување со цел да се намали бројот на сообраќајни несреќи предизвикани токму од невнимание каде често има и фатални последици. 

 

„Тоа е систем што ќе ја промени културата“, изјави полицискиот командант Мајкл Корбој за австралиските медиуми.

 

Телефонските повици за време на возењето се легални, но само со уреди кои овозможуваат рацете да бидат на воланот и да се користат гласовни команди, иако и оваа употреба е со одреден степен на ризик од деконцетрација. Сè друго, како видео повици, користење социјални мрежи и фотографии, е нелегално зад воланот.

 

Мобилните камери за откривање мобилни за време на возење користат вештачка интелигенција што ги разгледува фотографиите и откриваат незаконска употреба на мобилните уреди, информира Бирото за сообраќај во Нов Јужен Велс.

 

Во првите три месеци од воведувањето на системот за откривање, обвинетите возачи ќе добијат предупредувачки писма. Потоа, казните ќе изнесуваат 233 долари како вообичаена казна и 457 долари казна за користење мобилен зад волан во училишната зона.



Сподели