Сојуз на стопански комори на Македонија


Настани

МФ потврди засега се дозволува системски неконтролирана  е – трговија

МФ потврди засега се дозволува системски неконтролирана е – трговија 16.01.2020


Комората на сметководители на Македонија во врска со реакцијата на Министерството за финансии испратена по одржаната прес конференција смета дека: Во однос на забелешката за зголемувањето на ослободувањето на пратките од плаќање царина до 90 евра, сметаме дека не е исполнет основниот предуслов за системско решение со кое ќе се утврди каде оди робата што се увезува со електронска трговија без царина. Додека се чека воспоставување на таков систем, оштетени од оваа новина ќе бидат малите трговци и увозници кои плаќаат данок и царина, што беше истакнато и на прес конференцијата. Препораката на ЕУ се однесува на увоз за лична употреба, со што мора да се достави директно до познат краен корисник, а кај нас како што наводовме нема систем каде оди робата. Дополнително, едно е тоа што граѓаните си носат од патување во износ до 350 евра и се знае кој го пренесува и таа сума е за предмети за лична употреба што е регулирано со акт и за 350 евра, доколку се обиде некој да помине низ граница за продажба или комерцијална употреба, а не лична повторно е должен со позитивните прописи да плати царина. Тоа со новите измени за електронски пратки не е случај и се стимулира уништување на трговците и увозниците што плаќаат царина, со дозволување на системски неконтролирана  е – трговија од странски земји.  Како што наведоа и МФ во нивната реакција систем се уште нема, туку се работи на негово поставување. Цитат од реакцијата на МФ: „За тврдењата дека ќе се препродаваат производи - секако дека имаме конкретни мерки а се работи и на акциски план со кои се и ќе се адресираат сивата економија и нелојалната конкуренција, како и конкретни мерки за сивата економија во е-трговија, за што е формирана и работна група и имаше организирано јавна дискусија на која присуствуваа и коморите“. Тогаш требаше и овие законски измени да се донесат со одложена примемена додека се воспостави тој систем, а не да се оштетат илјадници лица кои работат и плаќаат царини при увоз.  Врска измените на образецот Даночен Биланс тие стапија на сила по нивното објавување во Службен Весник број 6 од 10.1.2020 година или поточно годинава кога веќе е започнато поднесувањето на завршните сметки за 2019 година. Ретроактивно да се носи акт даночна евиденција и известување за година која е измината е невидено и директно ја загрозува правната сигурност во Македонија.  Промените во Законите за даночната легислатива генерално повлекуваат потреба од промена на даночните обрасци, НО овие промени во обрасците, правилниците и остнатите поврзани подзаконски акти мора да се носат паралелно и истовремено со самите законски измени и да се остави период од најмалку 6 месеци до нивна ефективна имплементација во праксата така што компаниите ќе имаат доволно долг период да се прилагодат напромените а сметководителите и советниците доволно време да ги проучат импликациите на промените врз нивното работење. За појаснување, завршните сметки се поднесуваат од 1 јануари до 15 март во тековната за претходната година, што може да предизвика дополнителни проблеми кај даночните обврзници, бидејќи брзите промени на даночното законодавство можат да иницираат ненамерни грешки кај даночните обврзници кои потоа скапо ќе ги чинат и ќе плаќаат глоби поради ова загрозување на правната сигурност. Како и за многу други мерки и за овие штетноста од нивното воведување ќе ја почувствуваат компаниите, а направената штета ќе треба некој со одговорност да ја надомести.
Повеќе ...

Сметководителите на удар од отсуство на комуникација во државните институции

Сметководителите на удар од отсуство на комуникација во државните институции 15.01.2020


Подигнување на прагот на ослободување од царина за пратки од 45 евра на 90 евра, ставање во функција на Регистарот на вистински сопственици како законска обврска, како и новиoт образец за даночен биланс објавен во екот на припрема на завршните пресметки за правните лица, како нова дополнителна обврска на сметководителите, беа во фокус на денешната прес конференција на Комората на сметководители на Македонија. Благоја Грозданов, член на Управен Одбор на Комора на сметководители истакна дека сметководителите години наназад се на удар од отсуство на комуникација меѓу државните институции и меѓу државните институции и приватниот сектор.  Новина е тоа што во екот на изготвување на завршните сметки најважната активност во процесот на сметководствено работење, објавен е нов даночен биланс ДБ образец, што значи нов товар за сметководителите кои нема да имаат време  за адаптација на промените, а уште поважно отвара простор за грешки кај даночните обврзници кои може многу да ги чинат.       „Во екот на  изготвување на завршни сметки, од страна на Mинистерството за финансии се воведува целосно променет извештај за данок на добивка, образец ДБ за чие пополнување во некои случаи можно е да треба да се смени сметководствената евиденција уште од почетокот на годината.  Со ваквите брзи промени во легислативата кои имаат ретроактивна имликација на даночните обврзници воопшто не им се дава можност за даночно планирање како една од најважните активности на почетокот на годината. Понатаму, во овој најстресен период од годината за сметководителите дел од електронските системи за даночни поднесоци на УЈП почесто се недостапни, системот не може да ги издржи големиот број на поднесоци, со што колегите се приморани непотребно да губат времето да пополнуваат и доставуваат хартиени поднесоци. Згора на се, како последица на несинхронизираноста и отсуството на комуникација меѓу државните институции, бидејќи и таму постојат неажурирани актуелните обрасци и сметководителите се ставени во недоумица дали да поднесуваат електронски застарени обрасци или актуелни хартиени. Очигледно некои од промените во регулативата е тешко да се спроведат и од страна на институциите, а Министерството во секој случај креира обврски кои можат да предизвикаат големи штети и за сметководителите и за даночните обврзници“,  појасни Грозданов.   Александра Андреева, член на Управен Одбор на Комора на сметководители истакна дека Централниот регистар за овој февруари го најави ставањето во функција на Регистарот на вистински сопственици, кој треба да даде реална слика за сопственоста на удели и акции,согласно обврските од Законот за спречување перење пари и финансиски тероризам. „Она што за жал неретко се случува, е сите законски обврски за стопанството да се препишат на сметководителите, независно од областа од каде истата доаѓа. Но, сметководителите треба да знаат дека обврската за полнење на регистарот не е на нивен терет. Поточно, во овој процес сметководителите при самото воспоставување деловен однос со клиентите, задолжени се да го идентификуваат вистинскиот сопственик и во зависност од ризикот кој ќе го утврдат да вршат засилена анализа над клиентот. Неисполнувањето на оваа одредба од законот е предвидена како основа за изрекување на глоби, но, истото не е поврзано со поднесување на пријава за ажурирање на регистарот, која согласно предметниот закон припаѓа на овластеното лице за застапување на правниот субјект, а не на сметководителот“, истакна Андреева. Беким Есати, член на Управен Одбор на Комора на сметководители во врска со  подигнување на прагот на ослободување од царина за пратки од 45 евра на 90 евра, рече дека на овој начин се поттикнува сивата економија во земјата. „Зголемувањето на прагот за царинење на пратки со вредност до 90 евра,  беше најавено дека е согласно препораките на Европската комисија, како и поради зголемување на обемот на е-трговија во земјава. Сметаме дека во услови на кревка економија и недоволна потрошувачка на домашни производи, она што може да предизвика оваа новина е поттикнување на сивата економија. Поточно, можно е да се врши  препродажба на продукти, кои ќе влегуваат во нашата земја за многу пониски цени од оние на домашните производители особено во делот на техника, облека, апарати за домаќинство, накит, телефони, играчки за деца, спортска опрема, козметика и ред други производи.  Ваквите новитети треба да се донесуваат после спроведување на детална анализа со вклученост на стопанството, бидејќи ефектите на овој начин може да бидат во поголем дел негативни, како на пример намалување на  приливот на буџетот од даноци и други јавни давачки, поттикнување  на одливањето на девизи надвор од нашава земја што дефинитивно е на штета на целата држава, а во прилог на развој на сивата економија. Прагот во ЕУ е повисок бидејќи таму и примањата се значително повисоки, но за разлика од Македонија во ЕУ има и систем на електронска контрола кое лице и колку пати во денот носи пратки, кај нас со ова се остава можност да се изигра на штета на увозниците кои плаќаат данок.“, изјави Есати и напомена дека во нашата земја се тргува исклучиво од увоз на малопродажба  пред се од земјите од  Источна Азија, а не од Европската Унија и Америка.
Повеќе ...

ССК: Се кочи развојот на поштенската индустрија во земјата

ССК: Се кочи развојот на поштенската индустрија во земјата 13.01.2020


Изгубените поштенски пратки, пречекорувањето на рокот на достава, застарените трендови за испорка, ќе бидат актуелни и годинава, со оглед на тоа што не се спроведуваат неопходните чекори за либерализација на пазарот на поштенски услуги во земјава. Слободниот пазар и фер конкуренција треба да се темели на нашата економија.  Сојузот на стопански комори на Македонија во континуитет апелира дека монополот во поштенските услуги влијае лошо на квалитетот на услугите кои се испорачуваат, неопходно е пазарот да се отвори за конкуренција, со оглед на тоа што одложувањето на долго очекуваната либерализација на поштенскиот пазар,   веќе петта година по ред носи негативни ефекти врз развојот на поштенската индустрија во земјата, но и врз компаниите и граѓаните кои трпат штети поради неквалитетните услуги.  „Одложувањето на либерализацијата на пазарот на поштенски услуги значи континуитет во намалување на квалитетот на поштенските услуги и  забавување на имплементацијата на нови и современи трендови за брзина и сигурност на доставата. Приватните поштенски оператори, членови на Сојузот, сметаат дека слободната конкуренција на пазарот на поштенската индустрија, ќе донесе придобивки во поглед на подобрена ефикасност при  достава, учество на поголем број компании на слободниот пазар за обезбедување подобри и поквалитетни услуги за крајните корисници како и имплементација на нови трендови и напредни софтверски решенија за следење на пратките и зголемување на сигурноста и брзината при достава. Условите за работа треба да бидат пазарно ориентирани, во услови на фер конкуренција компаниите кои ќе понудат поквалитетни услуги и подобра цена да можат да бидат застапени на пазарот. Во моментот крајните корисници не се задоволни од квалитетот на услугите кој го добиваат,  за што зборуваат и големиот број на поплаки кои се евидентираат во извештаите на Агенцијата за пошти“, изјави Александар Зарков, извршен директор на Сојуз на стопански комори на Македонија. Со одложување на либерализацијата, АД Пошта и натаму ќе го задржи ексклузивитетот во цената на резервираните поштенски услуги што опфаќаат прием, пренос и врачување пратки за кореспонденција (писма и поштенски картички) и пратки на директна пошта до 50 грама.   „Моментално и приватните поштенски оператори имаат право да ја извршуваат и резервираната поштенска услуга, но со цена најмалку два и пол пати повисока од цената по која давателот на универзална услуга носител на индивидуална дозвола ги обезбедува пратките од резервираниот дел. Во услови на слободна конкуренција цената ќе се одредува согласно условите на пазарот без повластувања на одредени оператори“, појасни Зарков.   И од Агенцијата за пошти, велат дека не треба да се менува предвидениот датум за либерализацијата и дека укинувањето на резервираните услуги ќе значи зголемена конкурентност на пазарот. Европската комисија не толерира постоење на монополи во ниту една дејност. Согласно забелешките на Европската комисија во делот на поштенската индустрија неопходна е целосна либерализација на поштенскиот пазар во државата и продолжување на јакнење на административните капацитети на регулаторното тело. Поточно укинување на монополот на АД Пошта, во неколку наврати бара  Европската комисија во извештаите за напредокот на државата. На поштенскиот пазар во државава покрај АД Пошта на Македонија, моментно работат 40 лиценцирани даватели на поштенски услуги со општо овластување за обезбедување поштенски услуги.   Сојузот на стопански комори на Македонија во насока на остварување на  националните структурните економски реформи соработува со сите инволвирани страни за надминување на предизвиците кои го кочат патот на  либерализацијата на поштенскиот пазар, но клучот е во реализација на реформите од страна на институциите.
Повеќе ...

Прегледај ги сите Новости

Идни настани

Саем за предива - ISTANBUL YARN FAIR

Саем за предива - ISTANBUL YARN FAIR 16.01.2020


Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со АДОНИС Груп Ве информира за можноста за посета на 17-ти Интернационален Саем за предива - ISTANBUL YARN FAIR кој ќе се одржи од 27.02-29.02.2020 година во Истанбул. Саемот Ви овозможува поврзување,а со тоа и развивање на вашата дејност со реномирани турски компании како и размена на искуства и нови приоди во сверата на предивата и текстилот. На саемот посетителите ќе имаат можност да видат: Памучни предива природни предива волна вискоза акрилни предива полиестер најлон предива лен и др. Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. АДОНИС ГРУП организира ,сместување во реномиран хотел со 4 или 5 звезди од две ноќевања со доручек. Ваши се патните трошоци. Правиме резервации на авионски билети! Не е дозволена посета на малолетни деца и лица што не се вработени во Компанијата. Во прилог ви праќаме пријавен лист за посета на саемот и истиот треба да се испрати на adonis@adonis.com.mk. За повеќе информации за ISTANBUL YARN FAIR посетете ја веб страната http://iplikfuari.com/en/ Сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 13.02.2020 година. За сите дополнителни информации, Ве молиме контактирајте не на телефон 02 3091 440 или на е-маил: info@chamber.mk.
Повеќе ...

Меѓународен Саем за трговија и услуги во Кина

Меѓународен Саем за трговија и услуги во Кина 10.01.2020


Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) Ве поканува за учество на Меѓународниот Саем за трговија на услуги кој оваа година ќе се одржи од 25.05-01.06.2020 година во Кина  и претставува уникатна можност за поврзување на компаниите на глобално ниво. На саемот покрај можноста да бидете изложувачи или посетители има можност и за остварување на директни средби со повеќе од 10.000 изложувачи и над милион посетители. Фокус на саемот ќе бидат секторите: индустрија и технологија, финансискис услуги, здравство, електронска трговија, култура итн. На следниот ЛИНК може да ја погледнете листата на изложувачи. Подетални информации за саемот може да погледнете во брошурата која Ви ја доставуваме на следниот ЛИНК. Ве молиме Вашето учество да ни го пријавите во најбрз можен рок на е-маил: info@chamber.mk или на тел: 03/3019 – 440.
Повеќе ...

21. Кинески Интернационален Саем за инвестиции и трговија

21. Кинески Интернационален Саем за инвестиции и трговија 09.01.2020


Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) во соработка со Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија Ве информира за одржувањето на 21-от Кинески интернационален саем за инвестиции и трговија. Саемот е со тема „Претставување на FDI“  и „Одење глобално“ и ќе се одржи од 8-ми до 11-ти Септември 2020 година во Сјамен, Кина. Саемот претставува најголем и нај влијателен интернационален инвестициско промотивен настан и ќе го потенцира осетливиот деловен ефект, како и инвестициската политика и промовирањето на животната средина преку интегрирање на изложби, форуми и семинари, B2B настани, состаноци, врвни протоколи и сл. Секоја година на саемот учествуваат преку 100.000 професионални учесници, вклучувајќи 15.000 прекуокеански посетители од владини институции, инвестициски промотивни агенции, бизнис асоцијации и мултинационални корпорации од повеќе од 100 држави и региони, како и 50.000 бизнис професионалци и владини претставници од повеќе од 300 поголеми градови во Кина. Воедно повеќе од 1.500 дописници од стотици домашни и странски медиуми, креатори на јавното мислење ќе го покриваат настанот. Фокусот на саемот ќе биде на „појасни и патни иницијативи“, реформи на снабдувачки страни, пилот слободни трговски зони, интернет + и други значајни теми. Серија активности на меѓународниот форум ќе се фокусираат на градење отворена светска економија и внимателно ќе ја следат темата за промоција на билатерално инвестирање За регистрација на саемот Ве молиме да се логирате на веб страната www.chinafair.org.cn. За дополнителни информации може да не контактирате на тел: 02 30 91 440 или е-маил: info@chamber.mk.
Повеќе ...

Прегледај ги сите настани

Сојуз на стопански комори на Македонија

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) како унија од 33 стопански комори организации и здруженија, е најголемата независна деловна организација во Република Македонија која ги промовира и застапува интересите на компаниите и ги поврзува со над 1000 национални, регионални и интернационални институции и организации. Со својата комплексна организација Сојузот е најголем претставник на бизнис заедницата кој е во чекор со модерните достигнувања во деловниот свет и континуирано активно придонесува во развојот на компаниите и националната економија.


Повеќе од 23.000 компании организирани во Сојузот на стопански комори на Македонија, кои се успешни во својата дејност, со конструктивни предлози, придонесуваат за подобрување на бизнис амбиентот во земјата.

 

Сојузот овозможува пристап до информации, бази на податоци, едукација за претприемништво, правни совети,  помага во пронаоѓањето на деловни партнери,  известува за домашни и меѓународни тендери,овозможува настапи на саеми, обезбедува информации за извори на финансирање. Делувајќи во рамки на секторските комори, компаниите влијаат на промена на регулативата, а коморските контакти се поддршка во контактите со државните институции, како и добра препорака во активностите за јавни набавки, во Република Македонија или интернационално.


ССК ги познава условите за соработка и бизнис насите странски пазари и вмрежена е со економски асоцијации и институции ширум светот.

 

На Вашиот пат кон успехот ќе се соочите со многу предизвици затоа што тоа е составен дел на деловното работење. Во сите овие ситуации, не двоумете се да ни се обратите,преку Вашата секторска комора или координатор.


Сојуз на стопански Комори на Македонија е Ваш партнер во бизнисот и вработените на Комората се достапни за сите потребни бизнис информации и услуги.

Сојуз на стопански комори на Македонија е институција која ги застапува интересите на сите стопански субјекти членови на комората.


Покрај големите компании, а имајќи го предвид фактот дека малите и средни претпријатија се движечка сила на секоја економија и дека нивниот развој, долгорочно гледано, води кон јакнење на целокупната економија, разбирливи се заложбите на ССК за развој и поддршка на малите и средни претпријатија.  Развојот на малите и средни претпријатија и на претприемништвото доби своја афирмација во македонското стопанство не само како средство за негување и унапредување на претприемнички дух, туку и за поттикнување на свеста во насока на конзистентната потреба од промени и реформи на економската сцена, како еден од главните приоритети на ССК.

 

 


Сподели