МАСИТ - Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии


Настани

Настан - Поттикнување и задржување на вработените

Настан - Поттикнување и задржување на вработените 17.01.2020


Ви пренесуваме дел од атносферата од настанот со тема: “Потикнување и задржување на вработените”  кој МАСИТ во соработка со PwC Macedonia го организираше во просторот на МладиХАБ.На настанот беа опфатени и детално објаснети следните точки:•             Планови за долгорочно поттикнување на вработените (ПДПВ) - вообичаени типови и најдобри пракси за воведување на ПДПВ во меѓународни рамки.    •             Локални регулаторни аспекти - како да се имплементираат опишаните вообичаени типови на ПДПВ согласно применливите регулативи во Северна Македонија.•             Релевантни даночни аспекти што треба да се имаат предвид при воведување на ПДПВ во Северна Македонија.       
Повеќе ...

Повик за дигитална трансформација и експертска помош

Повик за дигитална трансформација и експертска помош 13.01.2020


  МАСИТ- Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии објавува Повик за компании за поддршка за креирање на стратегија за дигитална трансформација. Оваа активност е во рамки на проектот Поддршка за дигитална трансформација во мали и средни претпријатија (МСПа)” финансиран од страна на Министерството за економија, а имплементиран од МАСИТ, во период од јануари 2020 до март 2020. Компаниите кои ќе бидат избрани преку овој повик ќе добијат поддршка од експерт од ИКТ секторот со кој заеднички ќе работат со цел да ги проверат потребите и потенцијалот од дигиталната трансформација врз основа на што ќе се креира стратегија на компанијата за дигитална трансформација. Повикот е отворен за максимум 15 компании кои се заинтересирани да воведат дигитална трансформација, кои треба да ги исполнуваат следниве критериуми со цел да бидат подобни за аплицирање: Компанијата да има минимум 3-ца вработени Компанијата да постои минимум 1 година Компанијата да нема поголем обрт од 1.000.000,00 евра годишно   Секоја заинтересирана компанија за вклучување во проектов, е потребно да достави до МАСИТ пополнет формулар за аплицирање (подолу) и Тековна состојба. Рокот за аплицирање е продолжен до четврток 23.01.2020 година, со изразување на интерес на следната мејл адреса  elena.petrushevska@masit.org.mk. Ги охрабруваме сите МСПа во државава кои се подготвени да направат промени во своето работење и дигитално да се трансформираат, да се пријават на повикот во најкраток можен рок. Напомена: Овој проект нема да резултира со набавка на било каков тип на ИКТ решение. Предност ќе имаат компании што немаат воведено дигитални решенија во своето работење, но се спремни да инвестираат во дигитална трансформација. Како со дигитална трансформација можете да му помогнете на вашиот бизнис: Дигиталната трансформација целосно го менува начинот на кој функционира бизнисот и претставува неопходен процес особено за МСПа, кој ќе придонесе за развој и понуда на подобри и поиновативни производи на пазарот. Со дигиталната трансформација, во компаниите се намалуваат трошоците и компаниите стануваат поефикасни и поефективни, а сето тоа резултира со зголемување на нивната конкурентност не само на националниот пазар туку и пошироко. Можностите кои ги нуди процесот на дигитална трансформација се бескрајни, особено за компаниите кои доаѓаат од вертикалните сектори (туризам, земјоделие, текстил, автомобилска индустрија, управување со отпад, обновливи извори на енергија, итн.) кои имаат најголем потенцијал и бенефит од воведувањето на дигитални процеси и системи во работењето, како и креирање на нови дигитални услуги и производи за клиентите. Формулар за пријава
Повеќе ...

МАСИТ И ДРЖАВНИОТ СТУДЕНТСКИ ДОМ ,,СКОПЈЕ’’ ЌЕ СОРАБОТУВААТ СО ЦЕЛ ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ НА СТУДЕНТИТЕ

МАСИТ И ДРЖАВНИОТ СТУДЕНТСКИ ДОМ ,,СКОПЈЕ’’ ЌЕ СОРАБОТУВААТ СО ЦЕЛ ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ НА СТУДЕНТИТЕ 06.12.2019


    Денес (06.12.2019) Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Државен студентски дом „Скопје“ – Скопје потпишаа Меморандум за соработка во временска рамка од три години со цел унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните активности на институциите, а во корист на остварување на интересите и потребите на студентите кои престојуваат во домовите. Меморандумот опфаќа работи од заеднички интерес, базирани на искористувањето на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови на двете страни во полза на студентите и е во рамки на следните активности: - збогатување на квалитетот на животот на студентите, со вложување за остварување на подобар студентски стандард. - поврзување на бизнис заедницата со тековните проблеми од делокругот на работа на ДСД Скопје и иницирање на донаторски процедури, поврзани со збогатување на културно-забавни, спортско-рекреативни и други активности на студентите. - МАСИТ ќе овозможи поддршка на ДСД Скопје во насока на вмрежување на студентите преку своите проектни активности за дигитално описменување, со цел остварување на интересите и потребите на студентите кои студираат надвор од местото на живеење. - ќе ја подржуваат организацијата на научни собири и ќе работат на отварање на можности за заеднички проекти. Како прва значајна активност во рамките на овој Меморандум за соработка е голема донаторска акција која МАСИТ и членките на комората ја организираат преку новогодишната забава, а тоа е донација на компјутерска и канцелариска опрема на студентскиот дом.    
Повеќе ...

Прегледај ги сите Новости

Идни настани

МАСИТ E-информатор мај - јули 2018

МАСИТ E-информатор мај - јули 2018 01.08.2018


 Погледнете ги сите активности во рамки на работењето на МАСИТ во периодот од мај до јули 2918 година.

Повеќе ...

Повик за учество во истражување во рамки на GIVE проект

Повик за учество во истражување во рамки на GIVE проект 23.03.2018


 Во рамки на проектот се спроведува прашалник кој е наменет за компаниите од ИКТ индустријата, автомобилската индустрија и обновлива енергија.

Повеќе ...

ИНТЕРВЈУА СО ВРАБОТЕНИ ВО КОМПАНИЈАТА УНЕТ

ИНТЕРВЈУА СО ВРАБОТЕНИ ВО КОМПАНИЈАТА УНЕТ 14.02.2018


Ви пренесуваме успешна приказна во рамки на Проектот, односно се работи за кандидатот Христина Јосифоска која максимално ги искористи стекнатите вештини и знаење од обуката. Таа успешно ја помина практичната работа во компанијата Унет и ја продолжи својата кариера со нова професија во ИТ светот.

Повеќе ...

Прегледај ги сите настани

МАСИТ - Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии

 Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) е волонтерска, непрофитна институција. Комората беше основана како асоцијација, во 2000 година, на иницијатива од најдобрите 15 македонски ИКТ компании како дел од Стопанската комора на Македонија. Во Април 2007, на Годишното собрание на МАСИТ беше усвоена правната трансформација на МАСИТ од Асоциација стана Комора.

Денес МАСИТ е гласот на Македонската ИКТ индустрија. Комората претставува компании од сите ИКТ сектори вклучувајки: софтверски компании и компании за ИТ услуги, хардвер компании и дистрибутери, кериер и други телеком компании, како и тренинг провајдери и ИКТ консултантски компании.

Сите активности и иницијативи на МАСИТ се остваруваат преку работата на работни групи каде сите членови можат да учествуваат со нивни сопствени иницијативи, и да ги искажат своите потреби и проблеми. МАСИТ завзема учество на настани поврзани со ИКТ индустријата, исто и учестува во промоција на достигнувањата на членовите во областа на развојот на софтвер и ИТ услуги. Претставниците на МАСИТ учествуваат во дефинирањет на регулаторната рамка и помагаат во дефинирањето на националните ИТ стандарди. МАСИТ преку различни јавно-приватни партнарства го помага развојот на ИКТ.

Тела на МАСИТ се Управен одборНадзорeн одбор и Суд на честа. Во составот на МАСИТ постои и Извршна канцеларија каде работат професионалци и кои се одговорни за сите активности на Комората.

Статутот на МАСИТ исто така дефинира и Совет на ИКТ експерти. Советот го сочинуваат индивидуалци, професионалци на полето на ИКТ кои работат во Академија, Владини и финансиски институции и организации.

МАСИТ соработува регионално и интернационално со други корперации и асоцјиации. Региoнално МАСИТ соработува со сите ИКТ Асоцијации од регионот на ЈИЕ (Југо-Источна Европа), и е член на Balcan and Black Sea Cluster Network. Интернационално МАСИТ стана членка на World Information Technology and Services Alliance - WITSA (www.witsa.org) во Мај 2005. А од Јануари 2009 МАСИТ стана член на European Information Technology Observatory - EITO (www.eito.com).МАСИТ има одлична соработка со донорските организации USAID и GTZ.

 

ВИЗИЈА:
МАСИТ да овозможи раст на македонскиот ИКТ бизнис, негова препознатливост и имиџ како во земјата така и во странство, како и унапредување на македонската економија и просперитет со посилна, поорганизирана и прогресивна ИКТ индустрија.


МИСИЈА:
МАСИТ е гласот и ресурсот на конкурентниот ИКТ сектор, поддршка на економијата базирана на иновации и клучен фактор за просперитет на нацијата.


ЦЕЛИ:
Следните цели се воспоставени за да се постигнат наведените визија и мисија, да се задоволат потребите и интересите на компаниите членки како и да се проши членство во МАСИТ:

Јавен дијалог - да се зајакне препознатливоста на МАСИТ и неговата улога во развојот на ИКТ законодавството, политиките и правилата на пазарот преку заштита и застапување на интересите на ИКТ бизнис заедницата.

Конкурентност - да се зголеми конкурентноста на членовите преку градење на капацитети, поттикнување на иновациите, доживотно учење, како и сертификација на компании и квалификација на човечки ресурси.

Соработка и вмрежување – да ја поддржи соработката и вмрежувањето на ИКТ компаниите во земјата, регионално и на меѓународно ниво преку настани, проекти, партнерства, конкурси, признанија и награди. Да се изгради и да се зајакне мрежата на МАСИТ со препознаени организации во насока на подобрување на брендот на Македонската ИКТ индустрија, нејзината препознатливост, имиџот и репутацијата.

Извозни капацитети – да го поддржи извозот преку подобрување и промоција на извозните политики; меѓународно брендирање и позиционирање; промовирање на кластери и соработка; зајакнување на извозни способности и знаења; поттикнување на квалитетот и извонредноста на компанијата со крајна цел да се воспостави Македонија како препознатлив бренд за специјализирани, високо квалитетни аутсорсинг услуги и софтверски производи.

Одржливост - постојано да ги подобрува своите финансиски и организациски операции и да се воспостави МАСИТ како признаена и професионална организација, преку иновативно, ефективно и ефикасно управување и лидерство со цел да ја исполни својата визија и мисија.

Сподели