Закон за данокот на личен доход

Листата за проверка ги вклучува законските прописи од избраната област. Со пополнувањето на листата за проверка ќе добиете Извештај кој има информативен карактер и ќе Ви укаже во кој дел од регулативата не сте усогласени и каде би требало да го корегирате Вашето работење. Пополнувањето е анонимно и нема јавен пристап до Вашите одговори. Последното ажурирање на листите за проверка е спроведено заклучно 30.11.2018 година. Листите за проверка на усогласеноста со законските прописи од областа на Даноци се ажурирани заклучно со 10.05.2019 година.


Големина на компанија

Сектор


Плански регион

Член на Комора


Обврска како исплатувач на приход да пресметате и уплатите аконтација на персоналниот данок на доход за секој поединечен обврзник (физичко лице –остварувач на приходот) при секоја поединечна исплата на некој од следните приходи: лични примања; приходи од авторски права и права од индустриска сопственост; приходи од капитал; приходи од имот и имотни права; добивки од игри на среќа; други приходи.


Дали знаете дека како исплатувач на приход имате обврска, пред секоја исплата на приходите на кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка, до органот за јавни приходи да доставите пресметка за бруто приходот, одбитоците, пресметаниот данок по одбивка и нето приходот за исплата, за секој обврзник поединечно.


Дали знаете дека како исплатувач на приход имате обврска пресметката да ја доставите до УЈП по електронски пат.


Дали знаете дека како исплатувач на приход, пред се изврши плаќањето на данокот и исплатата на нето приходот пресметката треба да е одобрена од Управата за јавни приходи.


Обврска како обврзник за пресметка и уплата на персонален данок од плата, надоместок на плата и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот, пресметката да ја вршите месечно, поединечно за секој обврзник за плаќање за соодветниот месец и податоците за пресметана плата или дел од плата, надоместок на плата и исплата по основ на деловна успешност да ги доставите до Управата за јавни приходи најдоцна до 10-ти во тековниот за претходниот месец по електронски пат на образец ( МПИН) пропишан со Правилникот за начинот на пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување


Обврска како исплатувач на приход на странско физичко лице да ги примените одредбите од важечкиот Договор за одбегнување на двојното оданочување помеѓу Република Македонија и државата на која е резидент физичкото лице, доколку истото го докаже статусот на даночен резидент на државата со која Република Македонија има склучено Договор.


Обврска како исплатувач на приход на странско физичко лице, за да го примените даночното ослободување или пониската стапка одредена во Договорот за одбегнување на двојното оданочување помеѓу Репубика Македонија и државата на која е резидент странското физичко лице, да располагате со заверени обрасци од надлежниот даночен орган на странската држава и од Управата за јавни приходи, или да поседувате одобрение за даночно ослободување издадено од Управата за јавни приходи


Обврска како исплатувач на приход на странско физичко лице, со цел да ги примените одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување помеѓу Репубика Македонија и државата на која е резидент странското физичко лице, да поседувате 3 примероци од образецот „Б-ОДД/ВП“ - Барање за олеснување односно ослободување од данок на доход по видови на приходи, заверени од странскиот даночен орган и истите да ги доставите до надлежната Регионална дирекција на Управата за јавни приходи пред секоја исплата на приходот.


Доколку сакате да проверите одредена исплата (надоместоци за помош, смрт, штети, награди, стипендии и сл.) дали подлежи на ослободување од оданочувањето истото може да го проверите во член 12 од законот


За доходот од права од индустриска сопственост, доходот од закуп и подзакуп, доходот од капитал, капиталните добивки, добивките од игри на среќа, доходот од осигурување и друг доход, данокот се плаќа по единствена стапка од 15%


Обврзникот кој поради определени околности не е во состојба да ги води деловните книги, или нивното водење значително му го отежнува вршењето на дејноста, има право да поднесе барање до органот за јавни приходи, данокот на доход остварен од вршење самостојна дејност да го плаќа според паушално утврден нето-доход.