Работни односи

Листата за проверка ги вклучува законските прописи од избраната област. Со пополнувањето на листата за проверка ќе добиете Извештај кој има информативен карактер и ќе Ви укаже во кој дел од регулативата не сте усогласени и каде би требало да го корегирате Вашето работење. Пополнувањето е анонимно и нема јавен пристап до Вашите одговори. Последното ажурирање на листите за проверка е спроведено заклучно 30.11.2018 година. Листите за проверка на усогласеноста со законските прописи од областа на Даноци се ажурирани заклучно со 10.05.2019 година.


Големина на компанија

Сектор


Плански регион

Член на Комора


Дали имате склучено договор за вработување со секој работник и дали е пријавен во задолжителното социјално осигурување?


Дали го чувате договорот за вработување во работните простории во седиштето на работодавачот?


Дали имате врачено на работникот примерок од склучениот договор за вработување?


Дали пред објавување на јавниот оглас за вработување на работници истиот претходно го внесувате во електронскиот систем на Агенцијата за вработување на Република Македонија?


Дали при објавувањето на огласот за слободни работни места внимавате да нема дискриминација или ограничување за мажи / жени?


Дали при вработување внимавате да не ги прекршите одредбите согласно кои работодавачот не смее да бара податоци за семејниот, односно брачниот статус и планирање на семејството ниту однапред да потпишува спогодба за престанок на работен однос?


Дали во случај на измени на договорот за вработување склучувате анекс?


Дали сте ги запознале вработените со мерките за безбедност за здравје при работа и дали сте ги обучиле за нивната примена?


Дали имате обезбедено услови за безбедност на животот и здравјето на работниците во согласност со посебните прописи за здравје и безбедност при работа?


Дали ги почитувате одредбите согласно кои работодавачот е должен да ги штити и почитува личноста и достоинството на работникот и да се грижи за заштита на личните податоци на работникот


Дали ги почитувате одредбите согласно кои работодавачот на работникот кој работи со неполно работно време, не смее да му наложи да работи подолго од договореното работно време?


Дали отказот на договорот за вработување го изрекувате во писмена форма и во него го наведувате основот за отказот, ја докажувате основаноста на причината која го оправдува отказот и истите ги наведувате во образложението?


Дали во случај на колективно отпуштање од деловни причини сте ги информирале и консултирале работниците ?


Дали ги почитувате одредбите согласно кои работодавачот не смее да го откаже договорот за вработување на работникот за време на бременост, раѓање и родителство, сместување на дете кај посвоител и грижа за дете со развојни проблеми?


Дали најдоцна до 15 дена по изминувањето на месецот ја исплаќате платата и на работниците им давате писмена пресметка на платата, придонесите и надоместоците?


Дали доколку имате повеќе од 25 вработени водите електронска евиденција на полното работно време и прекувремена работа?


Дали на работниците кои работеле повеќе од 150 часа прекувремено, а не отсуствувале повеќе од 21 ден во годината од работа им исплаќате бонус во висина од една просечна плата во Републиката?


Дали за секое воведување на прекувремена работа претходно писмено го известувате подрачниот државен инспекторат за труд?


Дали ја известувате инспекцијата доколку редовно користите работници за ноќна работа?


Дали издавате решение за годишен одмор на рaботникот?


Дали за секој од вработените внимавате на обврската да еден дел од годишниот одмор да трае најмалку две непрекинати работни недели ?


Дали ја почитувате одредбата со која ништовна е било каква спогодба со која работникот би се откажал од правото на годишен одмор?


Дали на вработените им давате платен одмор заради лични и семејни околности (склучување на брак, раѓање или посвојување на дете, смрт на сопружник или дете, смрт на родител, брат, сестра, за елементарни непогоди и сл) до седум работни дена?


Дали писмено го известувате државниот инспекторат за труд доколку работите на празник ?


Дали ги почитувате одредбите согласно кои за време на бременост или со дете до една година возраст, работничката не смее да врши прекувремена работа или да работи ноќе?


Дали ги почитувате одредбите согласно кои ако работничката се врати на работа пред да и заврши породилното отсуство, покрај платата има право на надомест во висина од 50% од износот на надоместокот за породилно боледување?


Дали во случај на работник кој е инвалид на трудот со решение на ПИОМ му овозможувате да се распореди на друго работно место или да работи со скратено работно време?


Дали ги почитувате одредбите согласно кои работодавачите не смеат да имаат надзор врз основањето и дејствувањето на синдикатите?


Дали на барање на синдикатот издавате потврда со список на членовите на синдикатот кои се вработени кај него и плаќаат членарина?


Дали овозможувате учениците кои наполниле 14 години возраст и студентите да вршат практична работа само во рамките на образовната програма?


Дали ја почитувате одредбата согласно која договор за вршење на повремени работи (договор за дело) може да се склучи само за работи кои се надвор од дејноста на работодавачот?


"Дали вршите зголемување на платата на работникот во следните случаи:-прекувремена работа..35%-работа ноќе.................35%-работа во три смени....5%-работа во ден на неделен одмор............................50%?"


Дали вршите зголемување на основната плата на работникот за 0,5% за секоја година работен стаж?


Дали за време на времена неспособност за работа на работникот му исплаќате надомест на плата до 15 дена во висина од 70%, а над 15 почнувајќи од првиот ден на боледувањето за сите денови од 90% , како и надомест на плата во висина од 90% од основицата во случаи утврдени со закон кога боледувањето над 30 дена го плаќа работодавачот?


"Дали им овозможувате на работниците да отсуствуваат од работа без надомест на плата и придонеси од плата, најдолго 3 месеци, во следните случаи:- за нега на член на семејство; - за изградба или поправка на куќа, односно стан; - за учество на културни и спортски приредби; - за учество на конгреси, конференции и сл.; - за лечење за своја сметка;и дали донесувате Одлука за отсуство?"