Закон за данокот на добивка

Листата за проверка ги вклучува законските прописи од избраната област. Со пополнувањето на листата за проверка ќе добиете Извештај кој има информативен карактер и ќе Ви укаже во кој дел од регулативата не сте усогласени и каде би требало да го корегирате Вашето работење. Пополнувањето е анонимно и нема јавен пристап до Вашите одговори. Последното ажурирање на листите за проверка е спроведено заклучно 30.11.2018 година.


Големина на компанија

Сектор


Плански регион

Член на Комора


Доколку вршите стопанска дејност и остварувате добивка станувате обврзник за плаќање на данок на добивка за остварената добивка од вршење на дејност во земјата и странство


Дали знаете дека основата за пресметување на данокот од добивка се утврдува како разлика помеѓу вкупните приходи и вкупните расходи?


Дали знаете дека трошоците што ги правите при вршење на дејност не се сите со карактер на признати расходи?


Дали знаете дека расходите кои немаат карактер на признат расход ја зголемуваат даночната основа


Дали знаете дека кусоци кои не се предизвикани од вонредни настани (кражба, пожар или други природни непогоди) кои не се на трошок на платата на одговорното лице претставуваат непризнат расход други природни непогоди), кои не се на трошок на платата на одговорното лице


Дали знаете дека непризнат расход се и трошоците за сместување (ноќевање или ноќевање со појадок) и превоз на лица кои не се вработени кај домашниот исплатувач, а кои се ангажирани во врска со извршувањето на работа кај исплатувачот во функција на неговата дејност, доколку истите не се документирани


Дали знаете дека непризнат расход се и паричните и даночните казни, пеналите и казнените камати за ненавремена уплата на јавните давачки и на трошоците за присилна наплата


Дали знаете дека непризнаени расходи за даночни цели се и ненаплатените побарувања од нерезиденти кои произлегуваат од трансфери на парични средства кои по својата економска суштина се заеми, доколку не се вратени во истата година во која е извршен трансферот на заемот


Дали знаете дека трансакциите помеѓу поврзани лица треба да се вршат во согласност со принципот ‚‚дофат на рака‚‚ кој подразбира дека деловните и финансиски трансакции помеѓу поврзаните лица се вршат по цени и според услови во кои тие трансакции не се разликуваат од оние помеѓу неповрзани лица во споредливи околности


Дали знаете дека доколку ги исполнувате критериумите по однос на извршени трансакции со поврзани лица имате задолжителна обврска да поднесете целосен или скратен извештај до УЈП


Дали знаете дека доколку ги исполнувате критериумите по однос на извршени трансакции со поврзани лица имате задолжителна обврска да поднесете целосен или скратен извештај до УЈП


Дали знаете дека даночен период за кој се утврдува данокот на добивка претставува календарската година?


Доколку како даночен обврзник сте работеле пократок период од една календарска година, период за кој се утврдува данокот на добивка ќе претставува периодот од годината за кој сте работеле.


Дали знаете дека како даночен обврзник имате обврска да поднесете образец „ДБ“ - Даночен биланс за оданочување на добивка


Даночна основа за пресметување на данокот на добивка претставува добивката која се утврдува во даночниот биланс.


Дали знаете дека имате обврска да го доставите образецот „ДБ“ - Даночен биланс за оданочување на добивка до Управата за јавни во рокот пропишан за поднесување на годишна сметка согласно со Законот за трговските друштва и прописите за сметководство т.е најдоцна до 28 (29) февруари за годината што претходи, или најдоцна до 15-ти Март доколку Годишната сметка ја доставувате до Централниот регистар во електронска форма.


Дали знаете дека како обврзник на данокот на добивка имате обврска да плаќате месечни аконтации на данокот во рок од 15 дена по истекот на секој календарски месец.


Доколку постои разлика меѓу износот на уплатената аконтација на данокот на добивка и вистинската обврска на пресметаниот данок на добивка во Даночниот биланс за оданочување на добивка ( образец „ДБ“) , обврзникот е должен да ја уплати таа разлика во рок од 30 дена од денот на истекот на рокот за предавање на годишната сметка


Дали знаете дека имате право да побарате од Управата за јавни приходи да ви биде вратен повеќе платениот износ на данок, доколку преку месечните аконтации во текот на годината сте уплатитиле поголем износ на данок од износот на данокот пресметан во Даночниот биланс за оданочување на добивка ( образец „ДБ“)?


Дали знаете дека даночната основа за пресметување на данокот на добивка, може да ја намалите за износот на реинвестираната добивка т.е за износот на извршените вложувања од добивката од претходната година во материјални средства (недвижности, постројки и опрема) и во нематеријални средства (компјутерски софтвер и патенти) за цели на проширување на дејноста


Дали знаете дека доколку во рок од пет години од денот кога сте ги набавиле недвижностите, постројките, опремата, софтверот или патентите, а за кои сте го искористиле правото на намалување на даночната основа по основ на реинвестирана добивка, ги продадете, ќе имате обврска да го платите износот на данок кој ќе требало да го платите ако не сте го користеле ослободувањето по основ на реинвестирана добивка


Доколку документирано не докажете дека даночното ослободување по основ на реинвестирана добивка сте го искористиле за вложувања во материјални средства (недвижности, постројки и опрема) и во нематеријални средства (компјутерски софтвер и патенти) за целите на проширување на дејноста, ќе имате обврска да го платите износот на данок кој ќе требало да го платите ако не сте го користеле ослободувањето


Дали знаете дека доколку наместо добивка имате остварено загуба, имате право на пренесување на загубата во следните три години во кои ќе имате добивка?


Дали знаете дека за да го остварите правото за пренесување на загубата на товар на идните добивки треба да поднесете образец Барање за пренесување на загуба (образец „ДД-01“) до Управата за јавни приходи најдоцна до 31 март во годината што следи по годината на искажување на загубата?


Дали знаете дека во случај кога на странско правно лице му исплатувате приход кој подлежи на оданочување со данок по задршка (withholding tax), имате обврска при исплатата на приходот да го задржите и да го уплатите данокот на соодветната уплатна сметка истовремено со исплатата на приходот?


Дали знаете дека како исплатувач на приход на странско правно лице кој подлежи на оданочување со данок по задршка (withholding tax) имате обврска пред првата уплата на данокот да побарате даночен идентификационен број за странското правно лице од надлежната Регионална дирекција на Управата за јавни приходи


Дали знаете дека постојат Договори за одбегнување на двојното оданочување со кои е можно обврската за плаќање на данокот по задршка (withholding tax) да биде намален или целосно ослободен?


Дали знаете дека како исплатувач на приход на странско правно лице, за да примените даночно ослободување или пониска стапка одредена во договорот за одбегнување на двојното оданочување помеѓу Репубика Македонија и странската држава, имате обврска да поседувате образец заверен од надлежниот даночен орган на странската држава и од Управата за јавни приходи, или да поседувате одобрение за даночно ослободување издадено од Управата за јавни приходи


Со цел да ги примените одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување помеѓу Република Македонија и државата на која е резидент странското правно лице на кое му исплатувате приход по основ на дивиденда, дали знаете дека имате обврска да поседувате 3 примероци од образецот „ЗД-О/ДИ“- Барање за олеснување односно ослободување од данок на дивиденда, заверени од странскиот даночен орган и истите да ги доставите до надлежната Регионална дирекција на Управата за јавни приходи


Со цел да ги примените одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување помеѓу Република Македонија и државата на која е резидент странското правно лице на кое му исплатувате приход по основ на камата, дали имате обврска да поседувате 3 примероци од образецот „ЗД-О/КА“- Барање за олеснување односно ослободување од данок на камата, заверени од странскиот даночен орган и истите да ги доставите до надлежната Регионална дирекција на Управата за јавни приходи


Со цел да ги примените одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување помеѓу Република Македонија и државата на која е резидент странското правно лице на кое му исплатувате приход по основ на авторски права, дали имате обврска да поседувате 3 примероци од образецот „ЗД-О/АП“- Барање за олеснување односно ослободување од данок на авторски права, заверени од странскиот даночен орган и истите да ги доставите до надлежната Регионална дирекција на Управата за јавни приходи


Со цел да ги примените одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување помеѓу Репубика Македонија и државата на која е резидент странското правно лице на кое му исплатувате приход по основ на авторски права, дали имате обврска да поседувате 3 примероци од образецот „ЗД-О/ДП“- Барање за олеснување односно ослободување од данок на други приходи, заверени од странскиот даночен орган и истите да ги доставите до надлежната Регионална дирекција на Управата за јавни приходи


Доколку согласно Договорот за одбегнување на двојното оданочување помеѓу Репубика Македонија и државата на која е резидент странското правно лице на кое му исплатувате приход, не се плаќа данок по задршка, дали можете наместо обрасците „ЗД-О/ДИ“,„ЗД-О/КА“,„ЗД-О/АП“ и „ЗД-О/ДП до надлежната Регионална дирекција на Управата за јавни приходи да го доставите образецот „ЗД-ДО- Барање за даночно ослободување и заедно со Потврда за резидентност издадена од надлежниот даночен орган на странската држава


Дали доколку како исплатувач на приход на странско правно лице ги примените одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување помеѓу Репубика Македонија и државата на која е резидент странското правно лице, без да располагате со потребните заверени обрасци или одобрението за даночно ослободување издадено од Управата за јавни приходи, поради што е платен помал износ на данок, сте должни да ја платите разликата меѓу платениот данок и износот на данокот што требало да биде платен


Дали доколку во текот на годината сте задржале и иплатиле данок по задршка ( withholding tax) на странски правни лица, имате обврска до надлежната Регионална дирекција на Управата за јавни приходи до 15 февруари наредната година, по годината во која е задржан данокот, да доставите Извештај за уплатениот данок по задршка на образец „ДД-И“


Дали знаете дека како обврзник кој е должен да користи фискален систем на опрема, имате право на намалување на пресметаниот данок во висина на вредноста на набавените до десет фискални апарати?


Дали за да го искористите правото на намалување на пресметаниот данок за набавените до десет фискални апарати треба да добиете одобрение од Управата за јавни приходи по поднесено барање од Ваша страна до 20 јануари наредната година, по годината за која барањето се поднесува?


Дали знаете дека како трговско друштво кое е класифицирано како мал или микро трговец и кое во текот на годината остварило вкупен приход од 3.000.001 до 6.000.000 денари имате право да се определите да плаќате годишен данок на вкупен приход наместо да плаќате данок на добивка?


Во случај да се определите да плаќате годишен данок на вкупен приход, не можете да го менувате ваквиот начин на оданочување во следните три години вклучувајќи ја и годината за која се плаќа данок на вкупен приход, доколку во наредните три години ќе остварувате вкупен приход од 3.000.001 до 6.000.000 денари годишно.


Дали знаете дека годишниот данок на вкупен приход се пресметува во висина од 1% од износот на остварениот вкупен приход искажан во Билансот на успех во годишната сметка и финансиските извештаи?


Дали знаете дека годишниот данок на вкупен приход се пресметува во висина од 1% од износот на остварениот вкупен приход искажан во Билансот на успех во годишната сметка и финансиските извештаи?


Доколку ги исполнувате потребните услови и сте се определите да плаќате годишен данок на вкупен приход, утврдувањето на данокот треба да го вршите на образецот „ДБ-ВП“- даночен биланс на вкупен приход.


Доколку сте обврзник за плаќање на годишниот данок на вкупен приход, имате обврска образецот „ДБ-ВП“ да го доставите до Управата за јавни приходи во рокот пропишан за поднесување на годишна сметка согласно со Законот за трговските друштва и прописите за сметководство т.е најдоцна до 28 (29) февруари за годината што претходи, или најдоцна до 15-ти Март доколку Годишната сметка ја доставувате до Централниот регистар електронска форма.


Плаќањето на годишен данок на вкупен приход имате обврска да го платите најдоцна во рок од 30 дена по рокот за доставување на образецот „ДБ-ВП“.


Дали знаете дека како обврзник за плаќање на годишен данок на вкупен приход ќе бидете избришани од евиденцијата за годишен данок на вкупен приход и нема да бидете оданочени со овој данок доколку Управата за јавни приходи утврди дека остварувате значаен меѓусебен промет со поврзани лица по цени кои се разликуваат од цените кои ги применувате со неповрзани субјекти, а се со цел да платите помал износ на данок.


Дали знаете дека како обврзник за плаќање на годишен данок на вкупен приход ќе бидете избришани од евиденцијата за годишен данок на вкупен приход и нема да бидете оданочени со овој данок доколку Управата за јавни приходи утврди дека преземате обврски и искажувате расходи кои се однесуваат на работењето со поврзано лице?