Закон за угостителската дејност

Листата за проверка ги вклучува законските прописи од избраната област. Со пополнувањето на листата за проверка ќе добиете Извештај кој има информативен карактер и ќе Ви укаже во кој дел од регулативата не сте усогласени и каде би требало да го корегирате Вашето работење. Пополнувањето е анонимно и нема јавен пристап до Вашите одговори. Последното ажурирање на листите за проверка е спроведено заклучно 30.11.2018 година. Листите за проверка на усогласеноста со законските прописи од областа на Даноци се ажурирани заклучно со 10.05.2019 година.


Големина на компанија

Сектор


Плански регион

Член на Комора


Дали угостителскиот објект ги исполнува пропишаните минимално технички услови и започнувањето со работа го пријавил до надлежните институции во рок од 15 дена?


Дали е пријавена промена на условите за исполнување на минимално-техничките услови?


Дали одговорното лице на угостителскиот објект ги исполнува условите согласно член 34?


Дали угостителскиот објект истакнува, огласува и рекламира услуги на угостителски објекти согласно решението за извршената категоризација?


Дали на угостителскиот објект е истакната таблата со напис „Лица со возраст под 18 години немаат право на посета“ во ноќен клуб и кабаре?


Дали угостителот ги истакнал цените за сместување, полупансион и пансион во собите, цените за храната и пијалоците, односно ценовниците достапни на корисниците на услугите во секое време?


Дали во објектот е истакнат натпис „Лица со возраст под 18 години не се послужуваат со алкохолни пијалоци“?


Дали угостителската дејност која се врши надвор од деловниот објект на простор има одобрение издадено од градоначалникот?


Дали е истакнато на видно место на објектот, видот на платежната картичка?


Дали постои доказ за извршена промена на категоријата на угостителскиот објект ?


Дали е истакнато работното време на видно место?


Дали е истакнат телефонскиот број на Државниот пазарен инспекторат?


Дали е означен видот и категоријата на објектот во сите пропагандни материјали?


Дали правниот субјект во угостителскиот објект го истакнал куќниот ред?


Дали се врши угостителска дејност со исполнети пропишаните минимално-технички услови?


Дали угостителската дејност која се врши и во објекти или простории каде што се врши друга дејност, се исполнети пропишаните услови за тоа?


Дали угостителскиот објект користи ознака национален ресторан – меана со добиено решение од страна на надлежната комисија?


Дали угостителскиот објект започнал со работа со претходно добиена категорија од страна на надлежната комисија?


Дали угостителскиот објект ги утврдил нормативите за храна и овозможил увид на истите за корисниците ?


Дали нормативите за храна се заверени кај градоначалниците на општините и дали услугите се нудат согласно количините и квалитетот од истите нормативи?


Дали угостителските објекти за сместување даваат угостителски услуги вклучени во туристички пакет-аранжмани преку организатори на патувања или посредници, односно туристички агенции?


Дали угостителскиот објект не послужува алкохолни пијалоци од 07,00 до 10,00 часот ?


Дали објектот ги одржува просториите и опремата и услугите според пропишаните минимално-техничките услови, како и условите на категоризација за видовите објекти за кои е предвидена категоризација утврдена со решение на Комисијата за категоризација, или според пропишаните критериуми за означување посебни ознаки со решение на давателот на ознаката?


Дали угостителскиот објект за сместување води книга за гости ?


Дали правниот субјект се придржува на истакнатите цени?


Дали правниот субјект поседува документи за набавените производи (фактури, сметки испратници и слично, согласно член 35 став 1 точка 5?


Дали правниот субјект за секоја дадена услуга издава сметка со спецификација на услугите од фискална каса, согласно (член 35 став 1 точка 6)?


Дали правниот субјект на видно место во угостителскиот објект ја истакнал обврската за ангажирање домашен туристички водич при организиран престој на странски туристи, на начин утврден со Законот за туристичка дејност, согласно (член 35 став 1 точка 13)?


Дали правниот субјект врши угостителската дејност со претходен упис во трговскиот регистар?


Дали угостителска дејност се врши во угостителски објекти ноќен бар, кабаре и диско клуб со претходно набавена лиценца?


Дали правниот субјект се придржува кон пропишаното работно време?


Дали правниот субјект не ја пренел лиценцатана друг субејкт?


Дали угостителскиот објект не послужува алкохол и алкохолни пијалаци на лица под 18 години?


Дали угостителскиот објект за брза храна не продава и не послужува алкохолни пијалоци и не пушта музика после 24,00 часот?