Закон за туристичката дејност

Листата за проверка ги вклучува законските прописи од избраната област. Со пополнувањето на листата за проверка ќе добиете Извештај кој има информативен карактер и ќе Ви укаже во кој дел од регулативата не сте усогласени и каде би требало да го корегирате Вашето работење. Пополнувањето е анонимно и нема јавен пристап до Вашите одговори. Последното ажурирање на листите за проверка е спроведено заклучно 30.11.2018 година. Листите за проверка на усогласеноста со законските прописи од областа на Даноци се ажурирани заклучно со 10.05.2019 година.


Големина на компанија

Сектор


Плански регион

Член на Комора


Дали правниот субјект го известил со посебен образец Државниот пазарен инспекторат и градоначалникот на општината, исполнувањето на условите за отпочнување со дејност?


Дали правниот субјект на влезот на деловниот простор ја истакнал фирмата?


Дали назнаката “туристичка агенција”, патничка агенција, “Tours” и “Travel” и сличново фирмата го користи туристичката агенција?


Дали туристичката агенција има вработено лице со ИАТА сертификат за продажба на авиобилети?


Дали туристичката агенција ја има истакнато на видно место лиценцата или копијата заверена на нотар?


Дали туристичката агенција ги има истакнато цените на туристичкиот аранжман и поединечните услуги?


Дали туристичкиот објект на видно место ја има истакнато видот на платежната картичка?


Дали туристичката агенција при организирање на туристичките патувања, во патничките програми кои вклучуваат спортско-рекреативни, авантуристички и екстремни активности, освен ангажирање туристички водичи, ангажира и стручно оспособени лица за такви активности?


Дали вршителот на туристичката дејност го истакнала работното време?


Дали објектот каде се врши туристичката дејност ги исполнува пропишаните минимално-технички услови?


Дали деловниот објектот не се користи за друга намена (домување и производство) спротивно од одредбите на член 10, став2?


Дали правниот субејкт дава информација на барање на корисник на услугите, ако застапува друга туристилка агенција?


Дали правниот субејкт во промотивните печатени материјали, како и во сите работни документи, видливо ја истакнал фирмата и седиштето на туристичката агенција?


Дали правниот субјект се придржува при продажбата и реализацијата на договорот и програмата на туристичкиот аранжман?


Дали договорот ги содржи елементите предвидени во членот 16?


Дали туристичкиот ваучер ги содржи елементите предвидени во членот 17 став 3 од овој закон?


Дали правниот субјект ја пријавил промената на содржината на лиценцата? став 3 од овој закон?


Дали правниот субјект склучува договори само со сообраќајни претпријатија чии превозни средства ги исполнуваат условите определени со пропис од областа на јавниот патен сообраќај?


Дали правниот субјект склучува договори и презема други деловни активности само со угостителски правни субјекти кои поседуваат лиценца и категорија на објектот?


Дали правниот субјект чува деловна тајна во врска со информации за корисникот на услугата согласно член 15, став 1, точка 9?


Дали правниот субјект се придржува кон утврдените услови во договорите кои ги воспоставува со корисниците на услуги и третото лице како давател на услуги?


Дали правниот субјект за секоја продадена услуга или аранжман издава сметка од фискална каса, како и туристички ваучер за сместување и други услуги на корисникот на услугата?


Дали вршителите на туристичка дејност при организирањето на туристичките патувања во странство со автобус имаат обезбенп превозното средство кое ги исполнува условите согласно со прописите од областа на јавниот патен сообраќај и членот 19 од овој закон?


Дали туристичката агенција не ја зголемила цената утврдена во договорот 20 дена пред договорениот ден за започнување на користење на туристички услуги?


Дали туристичката агенција му ја вратил целата сума која ја платил по договорот, во рок кој не може да биде подолг од 15 дена од денот на откажувањето на договорот, освен кога откажувањето е резултат на виша сила, регулирано со Законот за облигациони односи?


Дали туристичката агенција постапила согласно членот 21, ставовите 2 и 3 од овој закон?


Дали туристичката агенција при реализација на туристичкиот пакет-аранжман или патување и престој во странство на малолетни лица, му овозможила информации за воспоставување на директен контакт со детето и лицето одговорно за давање услуги на детето во местото на патување и престој?


Дали туристичката агенција при реализација на туристичкиот пакет-аранжман или патување и престој во странство, на излез од земјата има докази дека поседува лиценца или (копија заверена од нотар), договори со сместувачките објекти во странство и доказ за извршени плаќања за сместувачките и други услуги преку соодветна банкарска институција?


Дали спортски и синдикални здруженија, културно-уметнички здруженија и друштва, здравствени, социјални и образовни установи и хуманитарни и верски организации можат да организираат туристички патувања за своите членови и членовите на нивното потесно семејство само преку туристички агенции?


Дали туристичката агенција, носител на лиценца „Б“, ги врши своите активности согласно член 37 од овој закон?


Дали туристичката дејност ја вршат трговски друштва и трговци поединци регистрирани во трговскиот регистар (вршители на туристичка дејност) под услови и начин утврдени со овој закон.?


Дали туристичката дејност склучила договор со корисникот на услугата во кој ќе бидат јасно определени условите и начинот на давање на услугите?


Дали туристичката дејност склучила договор со корисникот на услугата во кој ќе бидат јасно определени условите и начинот на давање на услугите?


Дали туристичката агенција имател на лиценца „А“ при вршење на својата дејност ги исполнува условите за добивање на истата согласно член 31 од овој закон ?


Дали туристичката агенција - посредник имател на лиценца „Б“ при вршење на својата дејност ги исполнува условите за добивање на истата согласно член 32 од овој закон ?


Дали странската туристичката агенција која носи туристи во Република Македонија, има склучено договор со домашна туристичка агенција со лиценца А, или договор со туристички водич во Република Македонија ?