Објекти за генерална активност (ладилник, центар за пакување, големопродажни центри)

Листата за проверка ги вклучува законските прописи од избраната област. Со пополнувањето на листата за проверка ќе добиете Извештај кој има информативен карактер и ќе Ви укаже во кој дел од регулативата не сте усогласени и каде би требало да го корегирате Вашето работење. Пополнувањето е анонимно и нема јавен пристап до Вашите одговори. Последното ажурирање на листите за проверка е спроведено заклучно 30.11.2018 година. Листите за проверка на усогласеноста со законските прописи од областа на Даноци се ажурирани заклучно со 10.05.2019 година.


Големина на компанија

Сектор


Плански регион

Член на Комора


Дали е извршена регистрација и одобрување на објектот и операторот со храна од животинско потекло?


Дали е извршена регистрација за оператор со храна од животинско потекло?


Дали е извршено одобрување на објектот и операторот со храна од животинско потекло?


Дали е имплементиран HACCP/ДХП/ДПП?


Дали е спроведена обука за стручна подготовка и основни знаења за безбедност на храна и заштита на животна средина на вработените?


Дали е извршен здравствен преглед на вработени?


Дали се исполнети општите и посебните барања за хигиена?


Дали се исполнети инфраструктурните барања (санитарни јазли, вентилација, осветлување, одвод, гардероби, средства за чистење и дезинфекција)?


Дали се исполнети хигиенските барања за просториите каде што храната се подготвува, третира или преработува (подови, ѕидови, тавани, прозорци и други отвори, врати, работни површини, опрема, садови, други структури, капацитети за чистење, дезинфекција и чување на приборот и опремата, опрема за миење храна)?


Дали се исполнети хигиенските барања за превоз, утовар и истовар?


Дали се исполнети хигиенските барања за опрема?


Дали се исполнети барањата за соодветно постапување со нуспроизводите од животинско потекло (отпад од храна)?


Дали се снабдува од соодветни извори на вода?


Дали се запазени соодветните одредби применливи на храната?


Дали се запазени одредбите за амбалажа и пакување на храната?


Дали се исполнети посебните барања применливи на замрзната храна од животинско потекло?


Дали е ивршен упис во регистарот на откупувачи на земјоделски производи?