Електронски комуникации

Листата за проверка ги вклучува законските прописи од избраната област. Со пополнувањето на листата за проверка ќе добиете Извештај кој има информативен карактер и ќе Ви укаже во кој дел од регулативата не сте усогласени и каде би требало да го корегирате Вашето работење. Пополнувањето е анонимно и нема јавен пристап до Вашите одговори. Последното ажурирање на листите за проверка е спроведено заклучно 30.11.2018 година. Листите за проверка на усогласеноста со законските прописи од областа на Даноци се ажурирани заклучно со 10.05.2019 година.


Големина на компанија

Сектор


Плански регион

Член на Комора


Доколку сте категоризирани како друштво од областа на електронските комуникации дали знаете дека Агенцијата за електронски комуникации е регулаторно тело надлежно за ваша контролира и регулирање на работењето?


Доколку се раководите според нив, дали сте запознаени со Планот за намена на радио фреквенциски опсези и План за распределба на радиофреквенции?


Дали при работењето во делот на комуникации ги почитувате препораките и стандардите поставени од ЕУ ?


Доколку сте оператор, дали одредени информации и ги правите достапни на Агенцијата за електронски комуникации?


Дали ја следите промената на регулативата/документацијата на Агенцијата за ЕК на нивната веб страна?


Дали при преземање на дејства поврзани со електронски комуникации доставувате нотификација до Агенција за ЕК?


Доколку градите комуникациска инфраструктура, а не постојат препораки за градба, проектирање, користење итн. на електронски комуникации дали применувате важечки светски стандарди?


Доколку изведувате работи во зоната на електронска комуникациска мрежа, дали побаравте дозвола од Агенцијата?


Доколку имате потреба да поставите ваша опрема на инфраструктура на субјект кој управува со таква инфраструктура дали ги исполнувате условите?


Дали доколку вашата основна дејност не се електронски комуникации, но поседувате комуникациски мрежи или давате услуги на електронски комуникации водите посебно сметководство?


Дали континуирано се исполнети условите под кои давате универзални услуги?


Дали вашата цена за услуга на електронска комуникација, од страна на Агенцијата за ЕК е предмет на израмнување со цените на останатиот дел на територија на РМ?


Доколку сте оператор на јавна мрежа, дали ја почитувате обврската да им обезбедите достап односно интерконекција на други оператори преку свои мрежата?


Доколку Агенцијата за ЕК (во одредени случаи) Ви наметнала цена на Ваша операторска услуга, дали истата стриктно ја почитувате?


Дали вршите проверка на списокот доделените фреквенции во Република Македонија?


Доколку имате потреба од добивање Одобрение за користење на фреквенција, дали ги исполнувате условите за поведување на таква постапка?


Дали одобрението за користење на фреквенција Ви е временски ограничено/сеуште важечко?


Дали Вашето Одобрението за користење на фреквенција го пренесувате на друго лице?


Дали настапиле причини поради кои Вашето одобрение за користење на радиофреквенција е предвремено престанато?


Дали Агенцијата за ЕК Ви одзема доделени броеви?


Дали на Вашите корисници на услуги им овозможувате непречено право на пренос на броеви?


Дали доколку сте оператор повиците на службите за итна помош ги овозможувате бесплатно?


Дали Вашите договори со Вашите претплатници се во законска форма?


Доколку за вашата услуга е предвиден определен степен на квалитет на обезбедување на услугите, дали истиот континуирано го исполнувате?


Дали на корисниците на јавни телефонски услуги им го обезбедувате правото на евиденција во телефонски именик?


Доколку Ваш корисник добива злонамерни или вознемирувачки повици и побара Вие како оператор да го спречите поставувањето на спречување на идентификација на повикувачки број, дали тоа барање го исполнувате?


Доколку определен корисник треба да го исклучите од вашата мрежа, дали се исполнети условите под кои имате такво право или обврска?


Дали имате преземено мерки за Вие и Вашите одговорни лица постојано да сте запознаени со посебниот режим и давање приоритет на одредени комуникации во случај на вонредна состојба?


Дали при решавање на Ваш спор со друг давател на комуникациски услуги ги побаравте услугите на Агенцијата за ЕК, за посредување?


Дали вршите плаќање на Агенцијата за ЕК за надзор врз на работењето на операторите?