Авторско и сродни права

Листата за проверка ги вклучува законските прописи од избраната област. Со пополнувањето на листата за проверка ќе добиете Извештај кој има информативен карактер и ќе Ви укаже во кој дел од регулативата не сте усогласени и каде би требало да го корегирате Вашето работење. Пополнувањето е анонимно и нема јавен пристап до Вашите одговори. Последното ажурирање на листите за проверка е спроведено заклучно 30.11.2018 година. Листите за проверка на усогласеноста со законските прописи од областа на Даноци се ажурирани заклучно со 10.05.2019 година.


Големина на компанија

Сектор


Плански регион

Член на Комора


Доколку поведувате постапка софтвер да се заштити како авторско дело, дали ги знаете можностите и условите?


Дали Вашата изготвена база на податоци ги исполнува условите истата да претставува авторско дело?


Дали заштитата на авторско право на одредено Ваше дело е сеуште временски важечка?


Дали заштита на авторско право на дело кое сте го создале со повеќе лица (коавторство) Ви е временски важечко?


Доколку носителот на авторско право е починат, дали се исполнети условите за можноста авторско право да се наследи во оставинска постапка?


Доколку пренесувате од Вас или кон Вас авторското право дали склучивте задолжителен договор?


Дали е валиден Договорот за вработување со кој авторското право од вработен го имате пренесено на Вас како работодавач?


Дали како работодавач ги исполнувате условите под кои може да се смета дека изработените бази на податоци и компјутерска програма Ви припаѓаат Вам?


Дали Вашиот продукт кој е насловен како „компјутерска програма“ е во согласност со задолжителната законска дефиниција за компјутерска програма?


Дали Вие како автор на компјутерска програма или автор на компјутерска програма Вам може да забрани умножување и користење на одредена програма?


Дали ги исполнивте обврските и дали постојат услови Вие како законски корисник на програма да направите резервен примерок ако е неопходно за користење на самата програма?


Доколку вршите декомпилирање дали во Вашиот случај се исполнети условите под кои тоа е дозволено?


Доколку сакате да бидете нотирани како изготвувач на бази на податоци, дали е тоа можно во Вашиот случај?


Доколку сте изготвувач на база на податоци, дали имате право да забраните умножување или пуштање во промет на примероци, делови или цела база на податоци?


Дали со заштитата на базата на податоци се опфатени и несуштествените делови на истата?


Доколку сакате да извршите умножување на база на податоци за наставни или истражувачки цели, дали ги исполнувате условите според кои тоа може да го направите без дозвола?


Дали Вашето авторско право го штитите со технолошки мерки на заштита?


Во случај на повреда на Ваше авторско право, дали се исполнети условите како автор да добиете надоместок?


Доколку на пазарот има нелегални примероци од Ваше дело, побаравте отстранување од пазарот на незаконски направени копии?


Доколку водите постапка за заштита на Ваше авторство, дали побаравте времени мерки за обезбедување на Вашето право?


Дали како автор ги исполнувате условите за да може да користите Copyright симбол © ?