Безбедност и здравје при работа

Листата за проверка ги вклучува законските прописи од избраната област. Со пополнувањето на листата за проверка ќе добиете Извештај кој има информативен карактер и ќе Ви укаже во кој дел од регулативата не сте усогласени и каде би требало да го корегирате Вашето работење. Пополнувањето е анонимно и нема јавен пристап до Вашите одговори. Последното ажурирање на листите за проверка е спроведено заклучно 30.11.2018 година. Листите за проверка на усогласеноста со законските прописи од областа на Даноци се ажурирани заклучно со 10.05.2019 година.


Големина на компанија

Сектор


Плански регион

Член на Комора


Дали имате изготвено и спроведено изјава за безбедност за секое работно место, со прецизиран начин и мерките кои треба да се преземат?


При обезбедување на мерки за безбедност и здравје при работа, дали имате назначено едно или повеќе стручни лица за безбедност при работа?


При обезбедување на мерки за безбедност и здравје при работа, дали имате ангажирано овластена здравствена установа за вршење стручни задачи за здравје при работа?


При обезбедување на мерки за безбедност и здравје при работа, дали имате донесено безбедносни мерки против пожар во согласност со посебни прописи?


При обезбедување на мерки за безбедност и здравје при работа, дали имате донесено мерки за прва помош и евакуација во случај на опасност?


При обезбедување на мерки за безбедност и здравје при работа, дали имате обезбедено опрема за лична заштита за вработените и нејзина употреба?


При обезбедување на мерки за безбедност и здравје при работа, дали вршите привремени прегледи и испитувања на работната средина и опрема?


Дали обезбедувате здравствени прегледи на вработените најмалку на секои 24 месеци?


Дали вршите здравствени прегледи на вработените според видот, начинот, обемот и ценовникот согласно прописот донесен од Владата на Република Македонија?


Осум дена пред започнување на вршење на дејност, дали го известивте Министерството за труд и социјална политика за истото?


Доколку сте изведувач на градежни објекти, дали пред започнувањето со градежните работи писмено го известивте Министерството за труд и социјална политика за местото каде што ќе се изведуваат работите?


Во случај на вонредна ситуација, дали имате утврдено план за евакуација и спасување?


Како работодавач, дали имате склучено договор со други правни субјекти специјализирани за давање услуги, особено во однос на давање прва помош, итна медицинска помош, активности за евакуација и спасување и противпожарна заштита?


Како работодавач дали преку писмени известувања и упатства ги информирате вработените за безбедно извршување на работите?


Дали како работодавач, ги информирате вработените и нивните претставници, за секој ризик на работното место, како и безбедносните мерки за елиминирање на штетните последици?


Како работодавач, дали на вработените и на нивните претставници им ја презентиравте изјавата за безбедност?


Како работодавач, дали на претставникот на вработените му овозможувате непречено вршење на неговата функција?


Дали им имате обезбедено обука на вработените за безбедно извршување на работите?


Дали средствата за работа ги одржувате во исправна состојба преку повремени прегледи и испитувања во рокови утврдени согласно актот кој го донесувате, односно според упатствата на производителот, техничките прописи и стандарди?


Дали во работните и помошните простории во кои се одвиваат технолошките процеси, вршите испитување на хемиските, биолошките и физичките штетности, микроклимата (летен и зимски период за време на работен процес) и осветленоста?


Дали водите евиденција во областа на безбедност и здравје при работа?