Листа за проверка на усогласеност со законските прописи од областа на градежништвото

Листата за проверка ги вклучува законските прописи од избраната област. Со пополнувањето на листата за проверка ќе добиете Извештај кој има информативен карактер и ќе Ви укаже во кој дел од регулативата не сте усогласени и каде би требало да го корегирате Вашето работење. Пополнувањето е анонимно и нема јавен пристап до Вашите одговори. Последното ажурирање на листите за проверка е спроведено заклучно 30.11.2018 година. Листите за проверка на усогласеноста со законските прописи од областа на Даноци се ажурирани заклучно со 10.05.2019 година.


Големина на компанија

Сектор


Плански регион

Член на Комора


Дали како производител на градежни производи, суштинските карактеристики на градежните производи се утврдени во хармонизирани технички спецификации кои произлегуваат од основните барања на градежните објекти?


Доколку градежниот производ е сообразен со хармонизиран стандард или е во согласност со соодветните македонски национални стандарди или македонските технички пропис, дали имате изготвено изјава за својствата на градежниот производ кога го пуштате на пазарот?


Доколку не постојат хармонизирани технички спецификации, дали градежниот производ кој го пуштате на пазарот е во согласност со соодветните македонски национални стандарди или со македонските технички прописи?


Дали изјавата за својства која ја давате како производител на градежни производи, содржи податоци за својствата на градежните производи кои ги исполнуваат суштинските карактеристики на овие производи во согласност со соодветните хармонизирани технички спецификации?


Дали како производител на градежни производи, врз основа на изјавата за својствата, имате изготвено техничко упатство за градежниот производ со кој се опишуваат сите елементи кои се однесуваат на потребниот систем за оцена и потврда на постојноста на својствата?


При сериско производство, дали имате воспоставено процедури со кои се потврдуваат пријавените својства на градежните производи?


Дали во случај на измени во видот на производот соодветно ги земате во предвид хармонизираните технички спецификации?


Во случај кога е потребно да обезбедите прецизност и постојност на својствата на градежниот производ, дали вршите тестирање на примероците на градежните производи кои се пуштени на пазарот или достапни на пазарот?


Дали водите регистар на поплаки за градежните производи, односно регистар на несообразни и повлечени градежни производи?


Како инвеститор на градежен објект, дали имате извадено одобрение за градење?


Дали градежниот објект кој го градите како инвеститор ги исполнува основните барања за градбата?


Дали градбата е проектирана и изведена на начин што во текот на градежните работи и во текон на употребата нема да дојде до нарушување на механичката отпорност, стабилност и сеизмичка заштита и имате обезбедено мислење за истото?


Дали како инвеститор на градежен објект, проектирањето, ревизијата на проектите, изградбата и надзорот над изградбата го имате дадено на лиценцирани правни лица?


Доколку сте управител на градба, дали имате лиценца за управител на градба?


Доколку вршите проектантска дејност, односно проектирате градби, дали имате лиценца за проектирање?


Доколку сте ревидент на проектна документација, дали имате лиценца за ревизија на проектна документација?


Доколку сте изведувач на градба, дали имате лиценца за изведувач?


Како изведувач на градежни работи, дали ги изведувате градежните работи согласно издаденото одобрение за градење, ревидираниот основен и изведбен проект?


Како изведувач на градежни работи дали водите градежен дневник и градежна книга при изведувањето на истите?


Како изведувач на градежни работи, дали имате обезбедено доказ за пропишан квалитет за вградените градежни производи?


Како изведувач на градежни работи, дали имате обезбедено доказ за потекло на градежно – техничкиот камен, градежниот песок и чакал? (договор за купопродажба, фактура, сметкопотврда и сл)


Како изведувач на градежни работи, дали имате обезбедено мислење за изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата во текот на изградбата и мислење за изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата по изградбата на целиот конструктивен систем на градбата?


Како изведувач на градежни работи , дали имате определено инженер за изведба кој раководи со изградбата на градбата?


Доколку вршите надзор над изградбата на градбата, дали имате лиценца за надзор на изградба?


Како инвеститор на градежен објект, дали пред почетокот на изведување на земјените работи на градежната парцела обезбедивте обележување на проектираната градба на терен со соодветни знаци?


Како изведувач на градежни работи, дали спроведувате мерки за заштита и сигурност на градилиштето?


Како изведувач на градежни работи, дали го заградивте градилиштето со соодветна ограда заради спречување на неконтролиран пристап и загрозување на минувачите?


Како изведувач на градежни работи, дали го означивте градилиштето со информативна табла со податоци за градбата?


Како инвеститор на станбена или нестанбена зграда, дали имате обезбедено Сертификат за енергетски карактеристики на зграда?